Речиси и да немаше ракометарка која успеа да ги зачува своите солзи и да можеше да говори без да и затрепери гласот после завршувањето на епизодата од кариерата во Вардар, а тоа се виде и кај Барбара Лазовиќ. И кај неа може да се види дека Вардар ќе и недостига.
Таа во своите коментари дадени за 24 Ракомет потврди дека сите овие години во Скопје и во Вардар и донесе незаборавни моменти, но одбра еден кој и оставил најголем впечаток.
„Натпреварот против Митјиланд е дефинитивно оној на кој ќе се сеќавам најмногу. Тоа е поради моментот кога се збогувавме со публиката која во сите овие години не бодреше несебично и со кој доживеавме многу убави моменти. Имаше многу солзи бидејќи на сите ни е навистина тешко што мораме да си заминеме. Жал ми е што не го донесовме пехарот од Лигата на шампионите во Скопје, но си заминуваме со кренати глави“, коментираше Лазовиќ за 24 Ракомет ТВ.
Комплетната изјава на Лазовиќ дадена пред камерата на 24 Ракомет можете да ја проследите во видеото во продолжение.


