Изминаа дваесет и четири часа откако читателите на 24Ракомет имаа можност да го искажат својот став околу изборот на нов селектор на машкиот сениорски состав. Преку анкета во која ве запрашавме „Кој според Вас треба да биде новиот селектор на Македонија?“ македонската јавност со глас за една од деветте понудени опции го покажа своето мислење.
По првиот ден од објавување на анкетата со 38% од вкупниот број гласови како прва опција за наследник на Лино Червар е поранешниот македонски репрезентативец, со највисока тренерска диплома на ЕХФ, Стевче Алушовски. Веднаш зад него со 31% освоен глас се наоѓа тренерот на македонскиот шампион Вардар, шпанскиот стратег Раул Гонзалес. Според читателите на 24Ракомет Алушовски и Гонзалес ја добиле довербата од речиси 70% од вкупниот број на гласови. Зад нив изедначени на 4-6% се останатите понудени опции.
Анкетата ќе биде отворена до петок (17.03.2017), а доколку не сте го споделиле своето мислење можете да го направите тоа со гласање на следниот линк.


