ПРОЕКТ ЗА СПАС НА ВАРДАР: „Ако бизнисмените немаат пари, имаме ние, „гладните и жедните“ за врвен ракомет!!!“

Победата на Вардар над ПИК Сегед со осум голови разлика, 31-23 и отворениот пат до завршниот турнир во Келн, ја крена на нозе цела спортска јавност.

По најавата за заминување на Сергеј Самсоненко, кој бара помош од македонските бизнисмени, кон тие барања се придружија и навивачите, новинарите, останатите спортисти…

Нашиот колега новинар Оливер Арсовски има интересна идеја…

„Под ИТНО проект за „спас на ВАРДАР“. Ако бизнисмените немаат пари, имаме ние, „гладните и жедните“ за врвен ракомет. Нека се отвори донаторска сметка, секој од нас ќе донира по „1 евро“ и ете нов победнички поход на Вардар и следната сезона!!!“, напиша Арсовски на Фејсбук.

Ќе видиме дали многу веројатниот пласман на вардарци на Ф4 во Келн ќе биде мотив за да се појави некој нов Самсоненко…