АВТОКОМАНДА ПРОТИВ ДЕБАР МААЛО: МЕТАЛУРГ ГО ПРЕЧЕКУВА РАБОТНИЧКИ ВО ДЕРБИТО НА 2.КОЛО НА МАКЕДОНСКАТА РАКОМЕТНА СУПЕРЛИГА

Во последниот дерби натпревар од 2.коло на Македонската ракометна Супер лига ќе се сретнат екипите на Металург и Работнички. Двата тима имаа успешен старт на првенството и со по една победа влегуваат во пресрет на овој натпревар.

Работнички со победа над Охрид од 30-24 на домашен терен ја започна својата нова ракометна приказна, а Металург во Кале го декласираше Вардар Јуниор со 20-34.

Овој натпревар ќе биде посебно интересен поради големиот број на поранешни металурзи кои сега го носат дресот на Работнички. Тренерот Андон Бошковски, Велко и Никола Марковски, Златко Мојсоски, Мите Стоилов и Милан Левов се имиња кои во минатото биле дел од Металург и кои со големи мотиви ќе влезат во денешниот дуел. На спротивната страна Металург во натпревар во кој ја има фаворитската улога, на крилјата на победата во ЛШ против Кадетен ќе атакува на втората победа во македонското првенство.

Дуелот се игра денес (среда, 30.9.2015) во салата Автокоманда со почеток во 18:00 часот. Задоволството да го проследите овој натпревар ќе ве чини 100 денари.