Целје го доби и Тулуз и зачекори кон неделното финале

Екипата на Целје одигра добар и борбен натпревар против Тулуз кој успеа да го добие со 31:29 и на тој начин со четири бода да тргне кон пласман во финалето кое се игра в недела. Исто како и вчера против Е. Работник и денеска Целје одигра меч „по жица“, но на крајот успеа да се радува на победа.

Составот на Тулуз имаше неверојатен старт на натпреварот. Французите тргнаа силно од првата минута и има одлични 7:1. Целје не можеше да парира во првите неколку минути и како ракометарите да има потреба од извесно време за да можат да влезат во натпреварот.

Откако ракометарите на Целје го фатија потребниот ритам успеаја да стигнат до намалување на водството на Тулуз, а на 10:10 и да го израмнат резултатот и да влезат во подобро продолжение од средбата.

Како одминуваше времето така Целје добиваше на сила и успеа да се избори за предност. Сепак, не ја зачува до крајот на првото полувреме бидејќи составот на Тулуз успеа одново да ја добие предноста и да замине на одмор со 14:13.

Во првиот дел голманите на двете екипи имаа одлично издание. Бонефои запре осум удари, од кои шест беа во првите десет минути кога прими еден гол. Фелин исто така покажа висока класа со што потврди дека ќе биде ударна сила на Целје во новата сезона.

Второто полувреме стартуваше со подобра игра на екипата на Целје. Шампионот на Словенија тргна добро во вторите 30 минути и дојде до убава предност од три до четири гола. Тулуз се враќаше во ритам и покажуваше дека може да се носи со Целје.

До крајот на средбата имаше надигрување, но Тулуз не успеа да се врати. Составот на Целје знаеше како да остане во позитива и да го добие овој меч со два гола разлика кои беа повеќе од доволни за нова победа.

ЦЕЛЈЕ – ТУЛУЗ  31:29 (13:14)

Игралиште на „Женска плажа“ во Струга. Гледачи: 300. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ЦЕЛЈЕ: Ферлин, Пањтар, Вујовиќ 1, Јуречиќ 2, Малуш 3, Разгор, Овничек 3, Маргуч 2, Шарац 3, Грошељ 4, Ненадиќ, Кодрин 1, Хоржен 1, Макуц 4, Аниќ 5, Душебаев 1.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 6 мин.

ТУЛУЗ: Бонефои (8 одб.), Идризи (5 одб., 1 сед.), Лабро, Монгин 3, Жирондо, Деланже 2, Пржибилски 3, Руиз 3, Гарсија 3, Жилбер, Соле 6, Јакобсен 4, Илиќ 3, Олсон 1, Бонилаури 1.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 8 мин.