Ростов Дон триумфално низ Будимпешта, на чекор до Ф4

Ференцварош и Ростов ги одмерија во рамките на четвртфиналето од Лигата на шампиони. Унгарскиот тим пред својата публика сепак не успеа да се носи со противникот и загуби со 29:26, па се наоѓа пред елиминација.

Како што беше и очекувано двете екипи влегоа мотивирано. Започнаа со 5:5, по што гостинките дојдоа до првата повисока предност. Ростов стигна до 10:7, но Ференцварош брзо возврати и на полувреме замина со еден гол негатива (11:10).

И вториот дел започна слично како првиот. Двете екипи беа прецизни и не успеваа да се одлепат. Но некако се чинеше дека Ростов е подобар противник, кој потпомогнат од одличната Јулија Манагарова направи нова серија голови и на крајот заслужено победи со 29:26.

Токму Мангарова стрелаше седум пати за Ростов Дон и беше најдобра на теренот. Кај Ференцварош две ракометарки со ист учинок, Катрин Гита Клујберг и Ноеми Хафра. Реваншот е следната сабота во 15:00 часот.