Ракометарките на Ростов Дон се првите патнички на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако славеа и на вториот натпревар против унгарскиот вицепрвак Ференцварош со убедливи 33-22.
Ференцварош беше во игра дваесетина секунди до 10-9 и до крајот на полувремето домашните стигнаа до убедлива залиха, 15-9.
Кузнецова и Макеева на стартот на вториот дел погодија за најубедливи 17-10 и до крајот немаше дилеми околу победникот, па Ростов лесно го затвори натпреварот за конечни 33-22.
Најдобри стрелци во победничкиот тим, кој прв обезбеди место на завршниот турнир во Будимпешта, беа Абинг со седум, и Сењ и Макеева со по четири, додека кај ФТЦ се истакна Хафра со седум,


