Нов интернационален предизвик: Ивана Гакидова се сели во Франција

Македонската репрезентативка Ивана Гакидова по Чешка и Норвешка, на интернационална сцена ќе заигра и во земјата домаќин на следното Европско Првенство за жени, Франција. Пикерот потпиша за тимот на Стразбург, на една година со можност за продолжување на уште една. Тимот настапува во Првата Н1 дивизија, односно втора по ранг конкуренција, но имаат амбиции за пласман во најквалитетната лига.

„Следнава сезона ќе настапувам во тимот на Стразбур, каде потпишав договор на една година, со опција да продолжам и следната. Градот и клубот имаат голем проект, се вложува многу и прават нова екипа. Има доста нови играчи, но јас решив да го прифатам предизивикот.“– вели Гакидова за 24Ракомет.

Претходно таа играше за тимот на Молде во Норвешка, Бањик Мост во Чешка, а дома беше дел од екипите на Вардар и Металург.

Фото: PriviLens / Claude Schomer