Кристиjансанд со нова лекција за Будуќност и деби настап на Ф4

Ракометарките на претставникoт на Норвешка, Кристијансанд се третите кои обезбедија место на фајнал-фор турнирот во Будимпешта. Норвежанките славеа против Будуќност и на реваншот, овој пат убедливо без проблеми со 25:17.

По поразот на домашен терен ракометарките од Подгорица немаа многу шанси на вториот натпревар од четврт-финалето. Кристијансанд покажа дека е поквалитетен состав моментално и од почетокот до крајот го контролираше натпреварот. Во првиот дел имаше највисоко водство 10:5, а на одмор домашните заминаа со предност од три гола, 11:8.

Предноста на Кристијансанд растеше во текот на вториот дел, кога стигнаа до највисоки 22:14. Потоа успешно го одржуваа водството до крајот за пласман на Ф4. Катрин Лунде на голот на Норвежанките беше несовладлива и забележа вкупно 12 интервенции.

Најефикасен играч во екипата на Кристијансанд беше Суланд со шест постигнати гола, а кај гостинската екипа Итана Грбиќ постигна пет. На голот на Будуќност забележителен настап имаше Марина Рајчиќ со 11 успешни интервенции.

Ова ќе биде дебитантски настап на Кристијансанд на Ф4 турнирот, а ќе биде само втор тим од Норвешка кој играл на завршниот турнир после Ларвик, кој во 2015 година загуби во финалето од Будуќност.