Вардар во Русија го завери пласманот во осминафиналето

Во првиот натпревар од групата Д во Велукс ЕХФ Лигата на шампиони ракометарите на Вардар на гостувањето во Русија против Чеховски Медведи извојуваа победа од 34-39, со која го обезбедија пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите. Оваа победа е важна за понатамошните шанси на Вардар во борбата за втората позиција на табелата.ГРУПА Д

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ-ВАРДАР 34-39 (16-19)

Првото полувреме беше вистинско гол шоу на левите бекови на двете екипи, Александер Деревен и Сергеј Горбок.Отрезов го отвори резултатот на овој натпревар а домаќините го одржуваа своето водство од еден гол позитива се до 9 минута, кога Вардар за прв пат поведе на овој натпревар со вториот гол на Горбок во 9 минута. Од тој момент “црвено-црните” постојано го имаа водството на своја страна. Александер Деревен беше незадржлив за вардаровата одбрана и ракометарот кој ја одржуваше својата екипа во пристојна негатива. Но Вардар на спротивната страна имаше одговор во името на Сергеј Горбок кој и на паркетот во Чехов ја продолжи голеадата од натпреварот против Целје, постигнувајки нови пет погодоци во едно поувреме. Токму русинот со својот петти гол ги донесе највисоките +4 за Вардар на две минути до крајот на првиот дел.Фантастичниот Деревен со својот седми погодок ги постави конечните 16-19 по триесет минути игра.

Веќе по десетина минути игра во вториот дел Чеховски Медведи успеаа да се вратат во игра и најпрво во 40 мин го израмнија резултатот на 24-24, а три минути подоцна со голот на Житников и да го превземат водството 26-25. Но, “црвено-црните” не се предаваа, извонредната соработка помеѓу Карачиќ и Тоскиќ потпомогнати од Штербик на голот резултираше со нова серија на Вардар со која ја врати предноста од +3 во 50 минута 30-33. До крајот вардарци рутински го доиграа овој натпревар. Карачиќ со својот 9 гол ги постави конечните и највисоки +5, 34-39.

Карачиќ со 9 и Тоскиќ и Горбок со по 6 голови беа најпрецизни во екипата на Вардар. Кај Чеховски Медведи свое гол шоу имаше Александар Деревен со 13 голови,а Житников постигна 8.

Во месец февруари Вардар ќе ги одигра последните два натпревари од групната фаза на ЛШ. Најпрво на 14.02.2015 година во спортскиот центар “Јане Сандански” гостува екипата на Монпелје од Франција, а групната фаза вардарци ја завршуваат на 21.02.2015 со гостувањето во Германија против Рајн Некар Ловен.