Tежок ден за Македонците во Бундес: И Кузмановски и Томовски претрпеа порази

Покрај Филип Талески, кој со тимот на Балинген загуби како гост кај Рајн Некар денеска лошо минаа и уште двајца од репрезентативците на Македонија. И Филип Кузмановски и Мартин Томовски се враќаат со порази од гостувањата.

Кузмановски на гостувањето кај Мелсунген не успеа да избегне пораз во финишот од дуелот. Магдебург имаше постојана негатива, но во последните неколку минути имаше шасна да стигне до реми. На крајот Мелсунген се издигна после катастрофата во минатото коло и го совлада лидерот на табелата со 31:29 и му го нанесе првиот пораз. Воедно и го симна од врвот.

Мартин Томовски на натпреварот на гостински терен против Минден имаше голема минутажа, бранеше 47 минути и успеа да запре девет удари кон неговиот гол. Сепак, неговиот тим беше поразен четврти пат сезонава. Минден победи со 29:23.

Во следното 6. коло Томовски и Лудвигсхафен ќе играат против Ерланген на домашен терен, додека Магдебург и Кузмановски ги очекува нов дерби дуел овој пат против Рајн Некар Левен.