Македонија спремна за Светското првенство за ракометарки до 18 години

Од 20 јули до 3 август, Македонија ќе биде домаќин на Светското првенство за ракометарки до 18 години. Тоа ќе биде добра можност за сите љубители на ракометот во земјава и пошироко одблиску да се запознаат со идните ѕвезди во женскиот ракомет. 24 репрезентации од 4 континенти ќе ја започнат борбата за медали која ќе го доживее своето финале на 3 август.Почетната фаза на Светското првенство ќе се одвива во 4 групи кои ќе се играат во Скопје, Струмица и Охрид (две групи). Преелиминарната рунда ќе трае од 20 до 26 јули, по што следуваат осмина-финалните натпревари (28 јули, Охрид и Струмица).
Натпреварите од Презитент купот ( натпревари за пласман) е одлучено да се играат во Скопје на 28/29 јули.
Домаќин на четврт-финалните дуели на 30 јули ќе биде Охрид, а натпреварите за пласман од 9 до 16 место ќе се играат во Струмица на 30/31 јули и 2 август.Полуфиналињата како и почетокот натпреварите за пласман помеѓу 5 и 8 место се на програмата на 1 август во Охрид. Финалето, натпреварот за третото место, како и натпреварите за пласман на 5/6 и 7/8 место ќе се одржат на 3 август.