Oдорхеи влезе во ритам: Кузманоски со два гола во триумфот над ЧСМ Букурешт

Горан Кузманоски имаше солидна партија на дуелот против ЧСМ Букурешт на кој Одорхеи на свој терен славеше со 32:23.

Ова е продолжување на одличните резултати за Одорхеи. Тимот на Кузманоски го реши дуелот уште во првите 30 минути откако поведе со 17:12, па во продолжението само се чуваше предноста.

Со новите три бода, Одорхеи остана во трка за првото место. Има два бода помалку од лидерот Стеауа, а во моментов е на 4. позиција. Според формата нема да биде чудо доколку има уште поголем напредок на следните средби.