Moнпелје го цени квалитетот: И после 25 години, Канаје е избор број еден, доби нов договор

Тренерот Патрис Канаје, кој со Монпелје беше освојувач на Лигата на шампионите во 2018 година ќе остане и понатаму дел од тимот во кој е тренер цели 25 години.

Добрата работа на Канаје е причина тој да биде дел од Монпелје и во следните четири години тој ќе биде на клупата на тимот со кој е редовно во врвот на францускиот ракомет.

Се работи за стратег кој веќе има 58 години. Тренерската кариера ја почна со само 27 години, но првите задачи му беа во помали клубови од Париз. Првиот вистински тренерски испит го доби во 1994 година во екипата на Монпелје со која е и понатаму. Ќе биде на клупата на Монпелје барем додека не наполни 62 години, но нема да биде изненадување ако продолжи да го води овој клуб и после ова.

Во досегашните 25 години работа тој освои 14 титули во првенството на Франција, а 13 пати триумфираше во Купот. Во 2003 и 2018 година победуваше и во Лигата на шампионите.