Moжат малку да здивнат: Раул им даде ден одмор на четворица ракометари на Вардар

На средбата против Динамо од Панчево во составот на Вардар недостигаат четворица ракометари кои се постојано во тимот на средбите од Лигата на шампионите. Со оглед на тоа што на овој меч место во тимот најдоа и оние кои главно имаат мала минутажа ова беше добра можност некои да добијат малку одмор.

Во тимот на Вардар ги нема голманот Арпад Штербик, главниот играч во дефанзива Илија Абутовиќ, организаторот на играта Лука Циндриќ и левиот бек Вуко Борозан. И без нив вардарци лесно ќе ја завршат задачата против тимот од Панчево кој има само една победа од почетокот на сезоната во СЕХА-лигата.