Final Four ЕХФ Лига на Шампиони: Ѓер (Унгарија)

Ѓер е актуелен европски шампион. Тим со голем број ракометни имиња во своите редови. Сезоната 2011-2012 играше во финалето каде загуби од Будуќност во тесна завршница, за минатата година конечно да го освои шампионскиот пехар, a оваа да го потврди во финалето против Будуќност. Поголемиот број од ракометарките на Ѓер се и Унгарски репрезентативки каде секако како главна звезда се издвојува иконата на унгарскиот ракомет, Анита Горбиц. Минатата година тимот го напуштија Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ кои беа љубимици на унгарските фанови. По овој потег многумина беа скептици дека Ѓер ќе го повтори успехот, се до веста дека во редовите на европскиот шампион доаѓа најдобриот десен бек Катарина Булатовиќ. Во тандем со Едуарда Аморим на лев бек, Локе како пикер и норвежанката Лунде на голот претставуваат една тешко победлива машинерија, и секако главен фаворит за шампионскиот пехар. Меѓутоа  оваа сезона ќе останат без ударното бековско дуо Катерина Булатовиќ и Анита Горбиц, а ќе се засилат со Милер како соодветна замена за десната бековска позиција, но во нардната сезона ќе биде навистина тешко да го повторат успехот, особено ако се знае јачината на Будуќност (засилиена со Булатовиќ) и Вардар (Пенезиќ, Лазовиќ, Алтхаус и Черноиваненко).

Клучен играч:


Анита Горбиц
Görbicz Anita
Родена: 13 Мај 1983 (возраст 30), Унгарија
Висисна 1.73 метри
Тежина: 59 килограми
Позиција: Централен бек


Катрине Лунде Харалдсен
KATRINELUNDE_AFP_1218964573
Родена: 30 Март 1980 (возраст 34), Норвешка
Висина: 1.80 m
Позиција: Голман


Катерина Булатовиќ
cg-30-katarina-bulatovic-glavni
Родена: 15 Ноември 1984 (age 29), Србија
Висина 1.86 метри
Тежина 73 килограми
Позиција: Десен бек