Работеше одреден период паралелно и во машката и во женската екипа. Со мажите стигна до европската шампионска титула, додека со женскиот тим играше во финалето на Лигата на шампионите, но не стигна до трофејот.Сега е предводник на Веспрем, едно поинакво „ферари“. Дојде на жешката унгарска клупа по заминувањето на Љубомир Врањеш и успеа да го дигне тимот минимум едно ниво погоре од тоа што беше претходно.
Сепак почетокот на Дејвис на клупата на Веспрем не беше сјаен. Врзани порази во Лигата на шампионите од Рајн Некар Левен и Кристијанштад, пораз на домашна сцена од Татабања…Но тимот бргу се врати на победничките патеки, во серија е од четири победи во ЛШ, а на домашна сцена исто така победува убедливо.
Сите ѕвезди сега играат според очекувањата на навивачите, иако прибирливата унгарска публика не се задоволува така лесно. Со какво „ферари“ располага Дејвис?
На голманската позиција Дејвис ги има Роланд Миклер и Арпад Штербик, голманско дуо што би го посакала секоја екипа. Тие на стартот на сезоната не беа на посакуваното ниво, но како одминува сезоната, така и нивната форма се подобрува. Крилните позиции се одлично покриени со четворица врвни мајстори – Дејан Манасков, Мануел Штрлек, Гашпер Маргуч и Драган Гајиќ. На овие позиции нема прва и втора постава, па најчесто сите играат по едно полувреме.
Пивотменската позиција е покриена со Андреас Нилсон, Блаж Благотиншек и Рене Тофт Хансен. Во отсуство на повредениот Данец, најчесто шанса во напад добива Нилсон, а во одбрана Благотиншек. Главен во дефанзива е искусниот Мирсад Терзиќ. На бековската позиција Дејвис располага со одлични стрелци. Натпреварите најчесто ги започнува тројката Борут Мачковшек, Мате Лекаи и Кент Робин Тонесен, а потоа од клупата влегуваат Момир Илиќ, Петар Ненадиќ, Кентан Мае и Ласло Наѓ.
Веспрем можеби има подобри поединци од Вардар, но тимски, македонскиот првак е во предност. Натпреварот меѓу „црвено-црниот“ тим и новото „ферари“ на Дејвис се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.
]]>Игор Карачиќ иако денеска не настапи на финалниот натпревар, беше извонреден во текот на целата сезона.
]]>„Успеавме после четири години конечно да ја освоиме Лигата на Шампионите. Горд сум на сите на сите играчи, а особено драго ми е за Апрад Штербик кој ја освои МВП наградата на овој Ф4.
„Денес беше тежок натпревар бидејќи секој играч сака да влезе и да почуствува како е да се игра во финалето, но не е битно кој играше денеска, битно е што Вардар испиша нова историја. Играа имиња против тим, а Вардар порасна во еден голем колетив и сите гиневме на теренот во текот на целата сезона. Не потценуваа, но на крајот ја покажавме нашата големина со четири титули освоени оваа сезона“ изјави Карачиќ
„Со Арената нема да биде проблем. Евентуално би можело да има проблеми со градскиот буџет, но тој ќе биде донесен во јули. Секојдневно комуницираме со челниците на Сојузот и им порачавме дека можат да бидат мирни.“ – изјави градскиот советник за спорт од Сплит, Хрвоје Акрап.
Хрватските медиуми шпекулираат дека доколку му биде одземено домаќинството на Сплит, таа група би се играла во Задар. Македонија е во игра за пласман на ЕП и решавачките битки ќе ги има во јуни, кога ќе ја пречека Чешка и ќе гостува на Укрина, а претходно ќе го одигра и двомечот со Исланд.
]]>На репрезентациите на Германија и Франција им припадна честа да го отворат турнирот. Француските новинари уште на самиот старт го наметнаа своето темпо, но неизвесниот меч се одлучи со гол во последните моменти, а поуспешни беа Французите и со резултат 10-9 се пласираа во финалето.
Во вториот натпревар гледавме комплетна доминација на „европскиот“ тим, а домаќините исто како и нивната ракометна селекција останаа без финале. Европските новинари го совладаа составот на Полска со убедливи 9-5.
Во финалниот дуел новинарите од Франција беа порасположени и на крајот славеа со 9-6, јазичната бариера и невоиграноста беа причина за поразот на „европскиот“ тим иако по првото полувреме имаа нерешен резултат 3-3.
На крај со свеченост беа одбележани најдобрите ракометари на турнирот, а наградите ги доделија претставници од ЕХФ и ЕХФ медија. Македонскиот фоторепортер Филип Вирановски како дел од екипата на евромикс составот, постигна еден гол и го освои второто место на турнирот.
Почуствувајте дел од атмосферата на турнирот за медиуми преку објективот на 24Ракомет.
[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”sort_order” special_effect=”grayscale” animation_effect=”fadeInRightBig” album_title=”false” album_id=”22″]
ФОТО: ПЕТАР ШИМЛЕША
]]>Исланѓанецот на твитер ја објави и тајната со која успеа да ја совлада црвената фурија во финалето. Германците со тактиката на Сигурдсон успеја во првото полувреме да примат само шест голови, што можеби беше и клучно за понатамошниот дел од натпреварот.
Како му успеа тоа на Сигурдсон може да го разберат само тој и неговите ракометари кои успеја да ги спроведат неговите замисли и да дојдат до посакуваното злато.
На сликата која ја објави Исланѓанецот стои пораката:
„Само едноставно“.

Дагур Сигурдсон успеа да направи еден млад и фантастичен состав со кој Германија блескаше во текот на првенството. Повредите на клучните играчи на првенството не беа пречка за останатите ракометари кои на крајот ја демонстираа големината на Германија и завладеаа со Европа.
Погледнете низ објективот на Филип Вирановски како изгледаше церемонијата на која беа прогласени најдобрите репрезентации на дванаесетото Европско првенство.




ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ
]]>Рекордот на постигнати погодоци во историјата на Европските првенства го држи нашиот ас, Кирил Лазаров со постигнат 61 погодок на Европското првенство во Србија 2012.
ФОТО: АФП
]]>
Шпанија го имаше почетниот напад, но Германија прва стигна до погодок преку одличниот ракометар на Кил – Дамке и Хефнер зголеми за (2-0). Шпанија имаше проблем со нападот во првите шест минути, но одличниот Штербик забележа уште на стартот три одбрани и не дозволи Германија да забележи позначајна предност. Ривера со погодокот од седум метри и го донесе првиот гол на Шпанија, но Хефнер со два последователни погодоци и Рајхман со еден ја однесоа Германија на позитива од четири погодоци (5-1) по само десет минути игра. Во следните десет минути ништо се промени, Германците повторно со одлична игра и благодарение на чуварот на мрежата Волф ја одржаа предноста од четири погодоци (8-4). Шпанија до крајот успеа да постигне само шест погодоци наспорти 10 на Германците кои отидоа на пауза со солдина предност.
Дамке и Шмит беа пак успешни на стартот на вториот дел со што Германија не дозволи да ја изгуби стекнатата предност. Германија продолжи фуриозно и стигна до предност од седум погодоци во 46тата минута (17-10), со што владеше вистинска конфузија во составот на Шпанија. Во последните десет минути, Германците влегоа со играч повеќе и предност од седум погодоци, а Пекелер, Дамке и Фет повторно ја зголемија предноста на Германија на неверојатни плус 9 погодоци (22-13). Огромната предност беше недостижна за Шпанија па така Германија заслужено стигна до највисокото место на пиедесталот со конечен резултат (24-17)

Беспрекорен во составот на Германија беше Хефнер со седум погодоци а одличен беше Волф на голот со 48 % одбраните удраи. Во составот на Шпанија најрасположен за игра беше Ентрериос со 5 погодоци, а Штербик забележа 14 интервенции.
Ова е второ злато за Германија од континенталните првенства. Првиот златен медал Германија го освои на Европското првенство во 2004 година одиграно во Словенија.
ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ
]]>