Вели дека секогаш со задоволство доаѓа во Скопје и дека секогаш му е убаво кога игра пред публиката во „Јане Сандански“.
„Секогаш сакам да играм во Скопје и во Јане Сандански. Скопје засекогаш останува во моето срце. Ние не одигравме најдобро. Вардар, пак, одигра со многу срце и со фантастична поддршка од трибините како и секогаш“, изјави Душебаев пред камерите на 24 Ракомет ТВ.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.
]]>Тој вели дека поделбата на бодовите е најреална, но во исто време и дека и двете екипи можеле да дојдат до победа.
„Не очекувавме Вардар да почне да игра со седум ракометари во напад. Одиграа супер, трпеливо и не успаа малку со нивната игра во напад. Штета што на крајот не успеавме да извлечеме уште еден бод. Сепак, мораме да бидеме задоволни бидејќи дома се враќаме со бод“, изјави Зорман за 24 Ракомет ТВ.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.
]]>Неговите погодоци во завршницата беа важни и пресудија во моментите кога беше најпотребно да се реализира и да се дојде поблизу до бодови. После средбата тој искажа задоволство од тоа како сите што биле на терен одиграле.
„Секоја чест за момците кои го оставија срцето на терен. Имавме проблеми со повреди и не бевме комплетни, но докажавме дека ако се бориме сите со срце можеме против секого да земеме бод или два без разлика каков е составот со кој сме на терен“, изјави Сикошек Пелко за 24 Ракомет ТВ.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.
]]>Тој го искажа своето видување за играта на оваа средба, за очекувањето од следниот меч, но најинтересно беше да се слушне како тој е задоволен од она како се снајде како десен бек и дали можеби и понатаму ќе игра на оваа позиција.
„Сите играме таму каде што тренерот бара од нас. Ние играме еден за друг. Ако некој играч недостига другиот ќе помогне. Овој пат јас бев на десен бек, другпат ќе биде Шишкарев. Како Вардар игра сега ќе игра секогаш. Тоа е моќта на овој Вардар“, коментираше Чупиќ пред камерата на 24 Ракомет ТВ.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.
]]>Тој одработе добра средба, но како тим не успеаја да бидат на потребното ниво и да можат да дојдат до нешто повеќе.
„Мешков дојде со комбиниран состав, но е беше во целост со втор тим. Дел од тие играчи настапуваат и за првиот тим и тоа е квалитетен состав. Ние од првата минута игравме како да не играме дома. Како да не игравме пред нашата публика која не бодри на секој натправар. Да бидам искрен, малку и ми е срам“, изјави Јотиќ пред камерата на 24 Ракомет ТВ.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.
]]>Словенецот вели
„По поразите од Кил и Веспрем бевме должни на себе и на публиката да докажеме дека можеме да играме во Лигата на шампионите.
]]>Обрадовиќ вели дека победата на Вардар е потполно заслужена, и дека ќе биде тешко за белорускиот првак да ја мине групата.
„Вардар играше одлично. Публиката овде е една од најдобрите во светот, тешко е да се игра, ние направивме многу грешки и Вардар ја заслужи победата. Во Белорусија ракометот е популарен, но во Македонија тоа е некоја друга димензија“, вели Обрадовиќ за 24Ракомет ТВ.
Целосната изјава погледнете ја во продолжение…
]]>Сите кои не се во можност да бидат во салата, а сакаат да го погледнат овој натпревар ќе можат да го направат тоа преку 24Ракомет ТВ, а ова е премиерно емитување во живо на еден натпревар на овој канал.
Средбата е втора меѓу овие две екипи во рамки на ЕХФ недела, а вкупно четврта за Македонија во оваа седмица после контролите со Турција и Италија и вчерашниот прв дуел против Грузија.
Натпреварот ќе можете да го следите на следниот ЛИНК.
]]>„Ова се противници по мерка и солидни ривали. За Италија немаме многу информации. Сите кои ќе добиеме шанса ќе се обидеме максимално да ја искористиме и сигурно тоа ќе биде од големо значење за сите нас. Помладите се знаеме меѓу нас и хемијата од порано можеме да ја пренесеме и во сениорскиот тим“, изјви Томовски за 24 Ракомет ТВ.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.
]]>„Тоа ќе биде за понатаму. Времето ќе покаже што и како ќе се случува. Јас ќе го дадам мојот максимум за да се наметнам за да влезам во ростерот за Европското првенство“, изјави Костески за 24 Ракомет ТВ.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.
]]>