Во пресрет на Европското првенство Исланѓанецот ја обезбеди својата иднина и повторно се враќа во домашното првенство. Густавсон во сезоната 2017/18 натапуваше во Хаукар пред да ја прифати понудата од Скјерн.
Членот на репрезентацијата со која Македонија има одиграни многу натпревари, а тој секогаш имаше одлични партии, никогаш не криеше дека кариерата ќе ја заврши на Исланд. Тој има 34 години и полека се движи кон крајот на кариерата но сеуште брани на високо ниво. Во кариерата Густавсон бранеше за Битенфелд, Кадетен Шафхузен, Магдебург и Бергишер.
]]>Таа ќе настапува за составот на Кишварда, за кој потпиша и ракометарката на Будуќност, Сања Премовиќ.
Ихнева дојде во Вардар во 2014 година, играше две сезони, но не го покажа потенцијалот со кој располага во тогашниот состав предводен од Индира Кастратовиќ.
Пред да дојде во Вардар, левиот бек од Русија беше член на Лада Толјати, а потоа играше за францускиот Флери Луар и хрватската Подравка.
]]>Шишкарев ја продолжува преселбата на ракометари од Вардар во Веспрем, ако се знае дека претходно во иста насока заминаа Арпад Штербик, Рожерио Мораес, Вуко Борозан…како и Давид Дејвис и Марија Лојаница кои работеа во „црвено-црниот“ тим.
Шишкарев во Веспрем ќе го менува словенечкиот интернационалец Драган Гајиќ, кој по четири сезони си заминува од унгарскиот првак, а Русинот ќе формира дуо со уште еден Словенец – Гашпер Маргуч, кој го продолжи договорот пред десетина дена.
Руското десно крило дојде во Вардар во 2014 година и ја игра шестата сезона во европскиот првак, со кој освои две титули во Лигата на шампионите. Потекнува од школата на Астрахан, а четири сезони играше и во рускиот Чеховски Медведи.
]]>Јанеска е како дома во Турција бидејќи досега настапуваше за многу екипи, а последно во Мудања Беледијеспор.
Новиот нејзин клуб Мардин Башакспор е на шестото место во турската лига и со ангажманот на нашата ракометарка посакува борба за место во европските купови.
]]>Францускиот интернационалец Огњен Ѓериќ на завршниот натпревар од првиот дел на сезоната во Словачка го одигра својот последен меч за Татран. 26-годишниот ракометар го напушта клубот со спогодбено раскинување на договорот. Пикерот во Татран пристигна од Сен Рафаел, но неговиот претстој во Словачка беше краток.
Русинот Роман Царапкин го продолжи договорот со Татран и ќе остане уште една година во екипата. Договорот му истекуваше на крајот од оваа сезона, но тој и клубот порано се договорија за соработка на уште една сезона. Левиот бек од Русија го носи дресот на словачкиот тим од 2016 година, а пристигна од екипата на Чеховски Медведи и е еден од главните играчи во одбраната.
Татран Прешов е лидер во домашното првенство со 13 победи и еден пораз и четири бода предност пред најблискиот конкурент. Во СЕХА лигата тимот од Словачка ќе игра против Спартак Москва, а ако ја оправда фаворитската улога во четвртфиналето ќе се сретне со Загреб.
]]>22-Годишниот Норвежанец Магнус Фредриксен, кој настапува за шампионот Елверум, потпиша договор на две години со Вецлар и ќе биде новиот плејмејкер на бундеслигашот.
Миркуловски ќе бара нова средина, а со оглед на партиите што ги прикажува во последно време, нема да биде изненадување, доколку го видиме во клуб што е многу посилен и поконкурентен од Вецлар.
Најголем дел од кариерата, некогашниот репрезентативец го помина во Металург, а имаше и епизода во Младост Богданци. По заминувањето од Автокоманда, полусезона беше член на Хановер, а потоа се пресели во Вецлар, каде што игра и ден денес.
]]>Шампионот на Хрватска и тренерот Веселин Вујовиќ инсистирале играчот да го имаат после Европското првенство во своите редови и веќе платиле и обештетување на Татабања за предвремено реализирање на трансферот. 25 годишниот Црногорец ќе се приклучи на тимот на Загреб после завршување на обврските со репрезентацијата на ЕП.
Левиот бек претходно во кариерата има настапувано за Будванска Ривиера, Сиудад Реал, Валјадолид, Горење Велење и Татабања. Божовиќ ќе го засили Загреб во пресрет на дуелите од Лигата на шампионите против големите фаворити ПСЖ и Барселона исто така и за дуелите од СЕХА лигата.
]]>30-годишниот ракометар досега за „лавовите“ има одиграно 544 натпревари, а постигнато 1543 погодоци.
Раководството на тимот го продолжи договорот со Грецки до 2023 година, а доколку го одработи до крај, тоа ќе бидат вкупно 16 одиграни сезони за РНЛ.
]]>Десниот бек е еден од ретките ракометари што играл во три топ клуба – Барселона, ПСЖ и Веспрем, но во ниту еден од нив не се пронајде себе си.
Во вистинско издание се покажа по трансферот во Фуксе Берлин, а очигледно и раководството на „лисиците“ е задоволно од неговите изданија па му понуди нов договор.
Копљар потпиша нов двегодишен договор и би требало да остане во Берлин до 2022 година.
]]>Мачковшек сезонава не добива голема минутажа, бидејќи Дејвис ги форсира Борозан и Лауге во последно време, па веројатно тоа е причината што ќе си замине од Веспрем.
Како што дознава 24Ракомет, негова следна дестинација би требало да е составот на Рајн Некар Левен. Спортскиот директор на “лавовите” Оливер Рогиш, директно отпатувал во Веспрем на преговори со Словенецот.
Мачковшек има 27 години, потекнува од Изола, а беше член на Марибор и Целје во Словенија. Играше за катарскиот Ал Сад, белорускиот Динамо Минск, францускиот Монпелје, а во Бундес лигата ги носеше дресовите на Хановер и Ајзенах.
Рајн Некар го има само Штефан Фет како класичен лев бек во моментов, на крајот на сезоната заминува Менса Ларсен, кој е повеќе плејмејкер, како и Ромен Лагард, па веројатно Мачковшек би бил идеално решение за “лавовите” и тренерот Кристјан Андерсон.
]]>