Таа ќе настапува за составот на Кишварда, за кој потпиша и ракометарката на Будуќност, Сања Премовиќ.
Ихнева дојде во Вардар во 2014 година, играше две сезони, но не го покажа потенцијалот со кој располага во тогашниот состав предводен од Индира Кастратовиќ.
Пред да дојде во Вардар, левиот бек од Русија беше член на Лада Толјати, а потоа играше за францускиот Флери Луар и хрватската Подравка.
]]>Шишкарев ја продолжува преселбата на ракометари од Вардар во Веспрем, ако се знае дека претходно во иста насока заминаа Арпад Штербик, Рожерио Мораес, Вуко Борозан…како и Давид Дејвис и Марија Лојаница кои работеа во „црвено-црниот“ тим.
Шишкарев во Веспрем ќе го менува словенечкиот интернационалец Драган Гајиќ, кој по четири сезони си заминува од унгарскиот првак, а Русинот ќе формира дуо со уште еден Словенец – Гашпер Маргуч, кој го продолжи договорот пред десетина дена.
Руското десно крило дојде во Вардар во 2014 година и ја игра шестата сезона во европскиот првак, со кој освои две титули во Лигата на шампионите. Потекнува од школата на Астрахан, а четири сезони играше и во рускиот Чеховски Медведи.
]]>„Тренерот Пастор има договор до 2021 година. Во објавените вести нема вистина, никој не побарал трансфер и нашиот тренер не сака да си замине, туку да се концентрира на работата во Сегед“, се вели во објавата од унгарскиот тим.
Според информациите што беа објавени, Пастор би требало да го замени Пасквал на кормилото на Барселона, додека на негово место во Сегед тренер да биде актуелниот играч на ПИК Сегед, Јонас Калман, но од тоа нема да има ништо.
]]>Вујачиќ пронајде дупка во противничкиот блок и успеа да погоди во самиот агол од голот за големо славје во салата во Рибница. Црногорецот имаше и свој коментар за натпреварот.
„Зад нас е многу тежок натпревар и физички и ментално, како што беше и нашиот последен лигашки дуел. Започнавме катастрофално, пропуштивме многу шанси и направивме многу технички грешки. Сето тоа го поправивме во второто полувреме и со малку среќа заслужено победивме“, изјави Вујачиќ.
Risto Vujačić je junak drame v Ribnici! Z golom po izteku igralnega časa je RD Riko Ribnica na svoji zadnji tekmi #LigaNLB v letu 2019 z 29:28 ugnala RK Trimo Trebnje!??
?
Публикувахте от Liga NLB в Петък, 13 декември 2019 г.
Шпанецот Хуан Пастор, Исланѓанецот Алфред Гисласон, потоа Карлос Ортега, Арон Кристијансон, Патрис Канаје, Талант Душебаев,Бранко Тамше…сите овие беа споменувани како можни наследници на Вујовиќ, но довербата ја доби Врањеш, кој освен европската титула со Флеснбург, во поново време нема успеси. Договорот е потпишан до 2024 година.
По заминувањето од Фленсбург, дојде во Веспрем, ја презема и унгарската репрезентација, но набрзо доби отказ и се врати во Шведска во тимот на Кристијанштад, со кој исто така не бележи некои резултати за пофалба.
Но можеби со словенечката репрезентација ќе има поголем успех. Првата шанса за да покаже дека успехот со Флеснбург не бил случаен и дека е тренер за големи дела, ќе биде Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Словенија ќе игра во Малме, против домаќинот Шведска, Швајцарија и Полска.
]]>Организаторот на играта се најде на списокот од 28 играчи на Урош Зорман пред ЕП, но Скубе бидејќи сметал дека нема биде повикан за настап, веќе си направил други планови за јануари.
„Бидејќи не мислев дека Вујовиќ ќе добие отказ и сметав дека нема да ме повика за ЕП, направив други планови за јануари, за кои не можам да зборувам конкретно. Можам само да кажам дека 99,9% нема да играм на ЕП. Ние сме силни на средната бековска позиција и тоа нема да биде катастрофа“, вели Скубе.
Словенија, која утре ќе го добие новиот селектор, е во групата Д на ЕП која што ќе се игра во Малме, заедно со домаќинот Шведска, Швајцарија и Полска.
]]>Егер имаше незгодно гостување кај составот на Вац и славеше со 23-29, a Цветковски имаше забележителна улога.
Тој успеа да запре 12 удари на противничките ракометари и да му помогне на неговиот тим да ја прекине серијата порази.
Егер сега е на 9. позиција со 11 бодови, што е само пет бода од третопласираниот Ѓенѓеш, кој има 16. Веспрем и ПИК Сегед се на првата и втората позиција.
]]>Актуелниот договор на левото крило истекуваше на крајот на оваа сезона, но тој се обврза на нов две годишен, со кој би требало да остане до 2022 година.
Нашиот репрезентативец имаше одлични партии оваа сезона, па раководството на Веспрем не размислуваше да му понуди нов договор.
Покрај Македонецот, нови договори до 2022 година потпишаа и Гашпер Маргуч и Петар Ненадиќ, а Веспрем го потврди и ангажманот на голманот Родриго Коралес од ПСЖ.
]]>После разделбата со Веселин Вујовиќ, Словенија е без селектор, а неговиот наследник ќе биде познат во вторник за кога е најавено претставување на новиот селектор на прес-конференција.
Дебитантскиот настап на новиот предводник на Словенците ќе биде на подготвителниот дуел пред првенството против Македонија кој ќе се игра на 3 јануари од 19:00 часот во Словењ Градец. Ден подоцна Словенија ќе се тестира и со Црна Гора во салата Полај во Трбовље со почеток во 17:30 часот.
За Словенија ова ќе биде трет настап во низа на Европските првенства откако го пропуштија најдобриот ракометен собир на Стариот континент во Данска во 2014 година. Македонија и Словенија се чести ривали на првенствата, а најважниот дуел беше оној на ЕП 2012 во Србија за 5. место кој го доби нашата репрезентација, кој тогаш водеше во квалификациите за Олимписките игри.
]]>Во моментов Фернандез е член на Адемар Леон, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната и десниот бек нема намера да го продолжи престојот во Леон.
За разлика од многу ракометари, тој очигледно не сонува да заигра за Барселона, па ја одбил понудата од “Блауграна”, па јасно е дека ќе продолжи во тимот што го тренира неговиот сонародник Хавиер Сабате.
Сезонава на десната бековска позиција во Висла играат Русинот Константин Игропуло, како и Словенецот Жига Млакар, но јасно е дека еден од нив ќе си оди на лето, а можеби и двајцата нема да ги продолжат договорите.
]]>