Хорсенс има проблеми на голманската позиција откако Клаудија Ромпенс заради потрес на мозокот ќе биде надвор од тимот подолг период. Екипата ја повика на помош Рике Шмит која ја прифати понудата да се врати на терените.
Со репрезентацијата на Данска, Шмит е двократен освојувач на златен медал на Олимписките игри во Сиднеј 2000 и Атина 2004 година. Претходно официјален крај на кариерата стави во 2013 година.
]]>Ракометарката на Икаст, Хелен Фаускес, тргна во контранапад, но иако имаше празен гол пред себе, од шест метри ја погоди само пречката.
Сепак, на крајот нејзиното промашување не беше болно по тимот, бидејќи Икаст обезбеди место во финалето откако славеше над Холстебро со 21-18.
]]>Тимот во кој настапува Твис Холстебро на официјалниот сајт објави дека 21 годишното крило одлучи да ја прекине кариерата на неодреден период заради психички проблеми.
Хилеберг во 2019 година неколкупати беше надвор од тимот како последица на ваквите проблеми, а во април изјави дека се чувствува како да удрила во ѕид и дека ракометот ја прави несреќна. Таа на почетокот на сезоната се врати во тимот но повторно чувствува нелагодност, а нејзиниот клуб објави дека не знае дали ракометарката ќе игра повторно ракомет.
„Заедно работиме да ја вратиме на нозе и да биде појака“, изјави директорот на клубот Јон Микелсен.
Младата ракометарка дебитираше за Данска минатата година, играше во Златната лига во март, но во септември во договор со селекторот Јоргенсен одлучи да се повлече од репрезентацијата на некое време.
]]>Во изјавата за ТВ2 на Кристенсен му требаше дополнителено време за здив пред да одговори на прашањата на новинарката за да не пушти солза. Сепак емоциите беа посилни и очите на левото крило на Скјерн го издадоа.
„Мислам дека нема да можам да кажам многу зборови пред да ми наидат солзите на очи. Ова е посебно, 14 години се долг период и тука има многу луѓе што ги сакам. Сепак без сомнение оваа одлука е сто проценти вистинска за мене. Но јас сум многу чувствителен човек и за мене во овој момент е навистина тешко“, изјави Кристенсен веднаш по одигрување на последниот меч за Скјерн.
Емотивната изјава на Кристенсен погледнете ја во следното видео:
Новиот клуб на Данецот е Морс-Тиј со кој потпиша договор до 2022 година. Одлуката да го напушти Скјерн доаѓа после долгиот период во кој тој беше незабележителен на клупата што не му се допаѓа на Кристенсен.
]]>Скара победи на домашен терен против Онередс со 28-24, и сега има 12 бодови, шест помалку од лидерот Хор, на кој ќе му гостува во следното коло.
Составот на Боден, пак каде што настапуваат Стефанија Мишевска и Андреа Белеска загуби со минимални 18-19 на домашен терен од Содер и остана во зоната за плеј-аут.
Мишевска имаше минутажа во дефанзивата, додека Белеска беше стрелец само на еден гол.
]]>Кризнaта ситуација во клубот почна минатата сезона кога дел од поддржувачите го откажаа спонзорството. Долгот на Рандерс беше близу 400 илјади евра и голем дел од сумата беше покриен од спонзорства, продажба на играчи и издавање на акции но на екипата и се потребни уште 90 илјади евра.
„Многу луѓе мислат дека сме близу до нашата цел, но морам да кажам дека не е така. Немам златен коверт на кој пишува клубот е спасен. Во исто време сакам да се заблагодарам на поддршката што ја добивме неодамна. И покрај ограничениот буџет на нашите навивачи за време на Божиќните празници и потребата на компаниите да ја затворат годината ние добивме помош“, рече Хенрик Шор претседател на управниот одбор на Рандерс.
Во овој момент е неизвесна судбината на клубот кој во првенството на Данска се наоѓа на 7. позиција на табелата.
Рандерс е клуб кој во 2010 година го освои Купот на ЕХФ, а во 2012 година беше и шампион на Данска.
]]>Нашата голманка беше најзаслужна за триумфот и ја доби наградата за играч на мечот, а забележа 15 интервенции.
Ринкобинг во десет меча има осум победи, едно реми и еден пораз, со 17 бодови се наоѓа на првото место на табелата со големи шанса да направи камбек во елитната конкуренција.
]]>Играа екипите на Боден и Скара, а во еден момент актерите почнаа да бегаат од теренот, откако не сфатија во прв момент што се случува.
Пијан возач со својот автомобил не само што удрил во салата, туку успеа и да влета на теренот, а гледачите на трибините беа преплашени.
„Десет секунди пред инцидентот, ракометарите беа токму на тој дел од теренот. Имавме среќа, ова е мало чудо што во тие моменти никој не беше на тој дел и нема повредени“, изјавија од Боден.
Шведската полиција во истрагата утврдила дека возачот бил во алкохолизирана состојба, па ќе си добие голема казна за „влетувањето“ во сала.
Погледнете….
]]>Här kraschar bilen in i idrottshallen – mitt under en handbollsmatch i Vikingahallen i Märstahttps://t.co/dBISxFSQOk pic.twitter.com/6A0J9NrHtQ
— Expressen (@Expressen) November 30, 2019
На дербито со Алборг во една ситуација кога Карасон одеше кон голот, Елебек се обиде да го сопре при што Исланѓанецот доби удар во главата. Судиите на натпреварот, Мадс Хенсен и Мартин Гејдинг сакаа да ја прегледаат снимката да утврдат дали стартот е за црвен картон, но Карасон побрза да ги убеди да не го прават тоа.
„Пред да започнеме со гледање на видеото Карасон дојде до нас и ни рече дека Елебек заслужи само казна од две минути. Такво нешто никогаш немам доживеано. Ова е неверојатен спортски потег. Можеше да се превртува и да прави драма, но ја направи најспортската работа која можеше“, рече судијата Хансен за ТВ2 Спорт.
Карасон смета дека противникот не му направил ништо посебно.
„Ме удри силно во главата, но тоа не беше намерно. Важно беше тоа да го знаат судиите. Не ме удри со бокс, туку од невнимание и мислам дека беше фер да кажам на судиите. Страшно ме нервира кога ќе видам некои играчи како по мал контакт се фрлаат на подот за да некој добие две минути. Ова е спорт кој мора да се игра остро, но фер“, рече Карасон.
Исланѓанецот овој потег го направи во големото дерби на Данска кое неговиот тим го загуби од Алборг со 30:27 и на тој начин сега заостанува четири бода зад лидерот.
]]>„Многу е убаво што Кралот ја прифати поканата да присуствува на Европското првенство. И порано има присуствувано на нашите натпревари и се има покажано како вистински фан на нашата репрезентација. Со нетрпение очекуваме да му ја покажеме новата арена и ракометната претстава прикажана од играчите“, изјави Коре Геир Лио, претседател на ракометната федерација на Норвешка.
Норвешка ќе ги одигра сите три натпревари од групната фаза во новоизградената арена „Трондхајм Спектрум“ со капацитет од 9.000 места. После мечот на 10 јануари со Босна и Херцеговина, домаќините на 12 јануари играат со Франција, а два дена подоцна со Португалија.
]]>