Таа откако го промени полот започна да тренира австралиски фудбал, но и беше забрането да се натпреварува со жени заради нејзината корпулентност. Потоа одлучи да се префрли во ракометот каде што доби дозвола да се натпреварува.
На азискиот шампионат Хана Мануси, која е висока 190 сантиметри и има 100 килограми му помона на тимот да го освои петото место и да обезбеди пласман на Мундијалот. Сепак селекторот Чеба Али одлучи да ја изостави од составот кој беше на првенството.
Според објавата на Хана Мануси на социјалните мрежи таа тврди дека била изоставена од тимот затоа што другите австралиски ракометарки одбиле да користат иста соблекувална и тушеви со неа. Нивната одлука ја поддржал и селекторот на тимот.
]]>Советот на Светската ракометна федерација, по тајно гласање одлучи дека домаќините ќе бидат Шпанија, Унгарија и Црна Гора, а турнирите ќе се одржат од 20 до 22 март следната година.
Турнир 1 (Шпанија): Шпанија, Шведска, Сенегал, Аргентина
Турнир 2 (Унгарија): Русија, Србија, Кина, Унгарија
Турнир 3 (Црна Гора): Норвешка, Црна Гора, Романија, Северна Кореја
„Кога Вардар ја освои Лигата на шампионите во 2017 година, тоа беше инспирација за нас. Откако станаа победници, клубот стана многу популарен и ние научивме многу за него, за неверојатните фанови и за прекрасната држава Македонија. Се вљубивме во Вардар и ова беше причината да го создадеме Вардар Мексико. Со тоа што и годинава Вардар ја освои ЛШ, уште повеќе си го зацврсти местото меѓу најдобрите светски клубови“, објаснува Хозе Мата Гомез, основачот на Вардар Мексико.
Вардар Мексико се натпреварува во Првата дивизија на Мексико и имаат само сениорска екипа, но во иднина се планира формирање на повеќе машки и женски тимови во младинските конкуренции. Мата Гомез и неговите соиграчи секогаш ги следат натпреварите на Вардар во Лигата на шампионите на телевизија и веруваат дека и покрај лошите резултати, сезоната ќе биде позитивна за Вардар.
„Вардар се уште има силен тим и покрај подемите и падовите, мислам дека може да се бори за титули во сите конкуренции. Нормално е да има по некој лош резултат, но ние сме убедени дека и добрите ќе дојдат наскоро“, вели Мата Гомез.

Ракометот не е спорт што има главно место меѓу спортовите во Мексико, но неговата популарност расте во последно време. Како што се развива, така се зголемува и бројката на ракометари, како и на стории за ракомет низ медиумите.
„Ракометот во Мексико се уште е на аматерско ниво, но се игра низ училиштата. Имаме национални тимови во двете конкуренции, а и најдобрите универзитети имаат свои ракометни екипи. Имаме играчи што имаат искуство во Европа. Мексико станува сериозен ривал на северно и средно американските првенства, и се надеваме дека во иднина ќе стане еден од нашите главни спортови“, заврши Мата Гомез.
Повеќе за тимот на Вардар Мексико може да дознаете на нивните профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.
]]>Претседателот на тренерската комисија на ИХФ, Дитрих Шпет на специјaлна прес конференција ги сумиреаше впечатоците од Мундијалот во Јапонија и зборуваше за некои од измените и иновациите.
„Ефективността на голманите на Светското првенство е намалена, ова е генерален тренд и во машка и во женска конкуренција. Одлуката на Советот на ИХФ е од 2021 година репрезентациите да можат да користат по пет официјални лица на натпреварите на Светско првенство. Петото место ќе биде резервирано за тренер на голманите. Особено во женскиот ракомет потребно е уште да се работи за да се зголеми употребата на голмански тренери за време на натпреварите“, рече Шпет.
Најголемиот дел тимови ширум Европа имаат специјални тренери за голмани во свотие екипи како што е Дејан Периќ во Вардар, а останува тоа да се спроведе и во репрезентациите за подобар учинок на голманите.
]]>Оние селекции од последното СП кои завршија од 2. до 7. место не можеа директно на ОИ, па ова им е нова шанса, а според квалитетот на групите единствено Унгарија би можела да се вмеша во трката со Русија и Србија за едно од двете места.
Во другите групи има фаворити. Шпанија и Шведска влагаат како фаворити од првата, а Норвешка и Црна Гора како фаворити од втората група.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОЛИМПИСКИ ИГРИ 2020 (ЖЕНИ)
ГРУПА 1: Шпанија, Шведска, Аргентина, Сенегал
ГРУПА 2: Русија, Србија, Кина, Унгарија
ГРУПА 3: Норвешка, Црна Гора, Романија, Северна Кореја.
]]>Откако денеска ИХФ ги оправда сестрите велејќи дека биле во право со досудувањето на седум метри, сега и самите сестри се огласија со свое соопштение потврдувајќи дека биле во одлична позиција и дека успеале да видат добро што се случувало на теренот.
„Нашата улога на теренот е да се применат прописите. Во моментот на донесување на одлуки сомнежот е еднаков на нула. Бев добро позиционирана (Жули) и имав одличен поглед. Во време на блокот топката не ја премина целосно линијата. Тоа се случи во последните 30 секунди, па резултираше со црвен картон и со удар од седум метри. Истата работа ја видоа и резерните судии кои беа позиционирани на центарот. Тие ни го потврдија истото после натпреварот. Во овој момент од играта треба да се има доволно ментална свежина за да се анализира ситуацијата и мирно да се донесе одлука. Можеби е во прашање, но немаше употреба на ВАР системот на овој Мундијал. Решението беше логично“, велат Бонавентура.
Без разлика на сето ова никој не може да и ја поништи титулата на селекцијата на Холандија, која во финалето славеше против Шпанија со 30:29.
]]>Едно од најдобрите десни крила во светот, втор пат во кариерата беше прогласена за најдобра на својата позиција на Мундијалите, но таа вели дека би ја менувала наградата за медал.
„Ми значи тоа што сум прогласена за најдобро крило на СП, но оваа награда со задоволство би ја заменила за медал. Им благодарам на сите ракометарки во репрезентацијата, и тие имаат придонес за моето признание“, изјави Радичевиќ за црногорските медиуми.
Црна Гора ја чека битка за ОИ на турнирот во март, заедно со репрезентациите на Норвешка, Романија и Северна Кореја.
]]>„Арбитрите имаа одлично одработена работа со одлуката во последните секунди, особдено во финалниот меч. Се беше направено според правилото за последните 30 секунди. Топката се уште го немаше напуштено голманскиот простор кога беше блокирана. Обично ваков прекршок се казнува само со две минути, но во согласност со правилото за последни секунди – со црвен картон и седмерец“, изјави претседателот на судиската комисија на ИХФ, Рамон Гаљего.

Тие досудија седмерец за Холандија, откако Ернандез блокираше по обидот на голманката Тес Вестер да го изведе нападот. Според францускиот судиски пар кој и во минатото се истакнуваше со контраверзни одлуки во клучни натпревари, блокадата на шпанската ракометарка била направена во просторот од шест метри или контактот меѓу ракометарката и голманката по исфрлување на топката го карактеризираа како фаул. Во секој случај, храбро се одлучија да досудат седмерец буквално на три секунди до крајот на натпреварот и да им овозможат на Холанѓанките да ја освојат својата прва титула на мундијалите.
24Ракомет консултираше неколку еминентни македонски судии кои сметаат дека Французинките ги оштетиле Шпанките. Според судиските правила, се смета дека топката е уфрлена во игра ако ја мине линијата на голманскиот простор од седум метри и може да биде блокирана од противнички играч.

Денеска во Кумамото, видовме една таква ситуација. Сепак најблиску до местото на настанот беше францускиот арбитар, а по заедничка консултација Бонавентура досудија дека блокот бил попречување на напад, црвен картон и седмерец по правилото “спречување на почетен удар во последните 30 секунди”. Повод за дилеми и дебати како да се намали влијанието на судиската пресуда во вака клучни моменти, особено ако е погрешна.
Вашето мислење можете да ни го напишете во коментарите на нашите профили на социјалните мрежи, а ако не го гледавте спорниот момент во живо во продолжение можете да го погленете…
]]>
Светската ракометна федерација по финалниот напревар го објави идеалниот тим, а во него имаше место и за две пораншени ракометарки на Вардар, Јованка Радичевиќ и Камила Херем.
Покрај нив, место во идеалниот тим имаше за шведскиот пикер Лин Блом, на бековските позиции најдобри се Александрина Барбоса Кабрал од Шпанија, Естевана Полман од Холандија и Ана Вјахирева од Русија, а најдобар голман е Тес Вестер од Холандија.
Полман беше избрана и за МВП на Мундијалот, додека најдобар стрелец е Луис Абинг со 71 постигнат погодок, од кој последниот и донесе златен медал.
