Поради проблеми со коленото таа мораше да биде подложена на хируршка интервенција за да се санира повредата. Сè е во најдобар ред, а операцијата била извршена во Ѓер така што веќе почнува рехабилитацијата.
Таа почнала да чувствува болки на почетокот на овој месец, а докторскиот тим на клубот се обидел со масажи и со лекување да ги намали болките. Откако истите не се намалиле морало да се преземе поинаков чекор и со операција да се решат проблемите.
Артроскопијата на десното колено покажала дека нема посериозна штета на коленото така што ќе може да се врати брзо. Очекувањата се до крајот на оваа година да биде на терен или во првата недела од 2020 година.
]]>На почетокот на сезоната Мерк се врати од повреда после 14 месеци пауза, но на првиот настап за својот клуб ЧСМ Букурешт повторно се повреди и ја очекува долга пауза. По три месеци рехабилитација таа веќе работи со лесни тренинзи.
Лузните од операциите се потврда колку Мерк имала проблеми со повредите во кариерата. Таа на социјалните мрежи објави фотографија од своите нозе каде што може да се забележат огромен број резови од интервенциите на лекарите. Колку тоа изгледа страшно е потврда и нејзиноно категоризирање на сликата со 18+.
Погледнете…

Силвана Карбеска и Марија Илиева се делегирани од ЕХФ да делат правда на дуелот меѓу Мец и ФТЦ во Франција.
Во ЕХФ Купот ќе судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, како и Исмаил Металари и Ненад Николовски, додека Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе делат правда во Челинџ Купот.
Ацо Николовски и Камер Металари ќе бидат делегати во ЕХФ Купот.
Делегирање на македонските официјални лица:
13/11, 20:15, Вардар – Мотор Запорожје, СЕХА лига (Камер Металари)
16/11, 16:00, Малме – Фуксе Берлин, ЕХФ Куп (Димитар Митревски и Благојче Тодоровски)
16/11, 16:30, Горњик Забже – Магдебург, ЕХФ Куп (Камер Металари)
16/11, 19:00, Рамат Хашарон – Одеса, Челинџ Куп (Даниело Божиновски и Виктор Начевски)
16/11, 19:30, Мец – ФТЦ, Лига на шампиони (Силвана Карбеска и Марија Илиева)
17/11, 13:00, Плзен – Холстебро, ЕХФ Куп (Ацо Николовски)
17/11, 19:00, Одеса – Рамат Хашарон, Челинџ Куп (Даниело Божиновски и Виктор Начевски)
23/11, 20:15, Бошолт – Адемар Леон, ЕХФ Куп (Исмаил Металари и Ненад Николовски)
Поразот на домашен терен од Мец од 25:32 беше главниот удар после кој дефинитивно Подравка испадна од комбинација барем за 3. место кое води понатаму во вториот круг, па ова беше дефинитивно чекор назад за ракометарките на шампионот на Хрватска. На оваа средба Елена имаше два погодоци.
Вака останува Ѓеоргиевска и Подравка во последното коло следниот викенд да ја одработат својата задача и да ја финишираат оваа сезона. Тоа значи дека ќе можат да се посветат на домашното првенство и на регионалното натпреварување.
]]>Ракометарката на Фенренцварош која игра на позицијата десен бек, Кетрин Клујбер беше одбрана за најдобра во месец октомври. Зад неа во конкуренцијата останаа Ана Грос, Грејс Зааиди, Едуарда Аморим и Рике Поулсен.
„Оваа награда ме мотивира да работм уште понапорно. Бев шокирана кога за првпат ја добив наградата во февруари. Воодушевена сум ако придонесувам за клубот, а експертите го препознаваат тоа“, изјави 20 годишната Кетрин Клујбер.
Во машка конкуренција признанието за најдобар играч му припадна на голманот на Кил, Никлас Ландин. Данецот имаше фенеоменални настапи во Лигата на шампионите, а особено на натпреварот против Вардар кога беше несовладлив.
„Секако, горд сум што ја добив оваа награда. Морам да се заблагодарам и на одбраната која многу помага. Без добра одбрана ограничен е квалитетот на изданието на голот, а ние во Кил имаме таква одбрана“, коментираше Ландин.
Ниту за Ландин ниту за Клујбер прогласувањето за најдобри не им е непознато. Двајцата веќе еднаш беа наградени како најдобри оваа година.
]]>Голем број од нив добија делегирања за Лигата на шампиони во двете конкуренции, како и за Купот на ЕХФ и СЕХА лигата.
Изминатиот понеделник, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски го судеа мечот меѓу Татран и Нексе во СЕХА, а делегат беше Драган Начевски.
Начевски беше „главен“ и на мечот меѓу Фленсбург и ПСЖ што се одигра во средата, а веќе в недела ќе има нов натпревар за него.
Натпревари за македонските судии и делегати:
08/11, 18:00, Подравка – Мец, Лига на шампиони (Марјан Начевски)
10/11, 13:00, Војводина – Пекинг, СЕХА лига (Исмаил Металари и Ненад Николовски)
10/11, 13:00, Војводина – Пекинг, СЕХА лига (Драган Начевски)
13/11, 20:15, Вардар – Мотор Запорожје, СЕХА лига (Камер Металари)
16/11, 16:00, Малме – Фуксе Берлин, ЕХФ Куп (Димитар Митревски и Благојче Тодоровски)
16/11, 16:30, Горњик Забже – Магдебург, ЕХФ Куп (Камер Металари)
16/11, 19:00, Рамат Хашарон – Одеса, Челинџ Куп (Даниело Божиновски и Виктор Начевски)
16/11, 19:30, Мец – ФТЦ, Лига на шампиони (Силвана Карбеска и Марија Илиева)
17/11, 13:00, Плзен – Холстебро, ЕХФ Куп (Ацо Николовски)
17/11, 19:00, Одеса – Рамат Хашарон, Челинџ Куп (Даниело Божиновски и Виктор Начевски)
23/11, 20:15, Бошолт – Адемар Леон, ЕХФ Куп (Исмаил Металари и Ненад Николовски)
Ѓорѓиевска беше стрелец на три гола, но и тоа не беше доволно за да може да се обезбеди нешто повеќе на овој дуел против квалитетниот тим од Унгарија.
Подравка на моменти имаше и водство, но во финишот не беше истото зачувано, па на крајот мораше да се помири со пораз на овој важен дуел.
После 4. Коло само две екипи се на максимум и се практично веќе во вториот круг. Се работи за Брест и Ѓер кои имаат по осум поени.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ (ЖЕНИ)
ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО
ГРУПА А
ПОДРАВКА – ФТЦ РАИЛ КАРГО 26:27
Милосављевиќ 9, Ѓорѓиевска 3, Дебелиќ 3 – Клујбер 5, Ковачич 5, Лукач 5
НЕДЕЛА, 3 НОЕМВРИ
20:45ч
МЕЦ – КРИСТИЈАНСАНД
ТАБЕЛА: 1. Мец 5 бода (112:92); 2. ФТЦ Раил Карго 4 (114:122); 3. Кристијансанд 3 (93:85); 4. Подравка 2 (108:128).
ГРУПА Б
РОСТОВ ДОН – ЕСБЈЕРГ 34:26
Манагарова 6, Сен 5, Боршченко 4 – Фреј 7, Солберг 7, Ингстад 3
НЕДЕЛА, 3 НОЕМВРИ
18:00ч
ЛУБЛИН – ЧСМ БУКУРЕШТ
ТАБЕЛА: 1. ЧСМ Букурешт 5 бода (82:64); 2. Ростов Дон 5 (114:101); 3. Есбјерг 4 (107:106); 4. Лублин 0 (62:94).
ГРУПА Ц
РАМНИЦУ ВЛЧЕА – БУДУЌНОСТ 20:21
Да Силва 6, Глибко 6, Елгауи 3 – Радичевиќ 8, Брновиќ 4, Лазовиќ 3
БРЕСТ – БИТИГХАЈМ 36:30
Грос 13, Мауни 7, Поп-Лазиќ 4 – Надзинавичиус 7, Ван дер Хајден 5, Волер 5
ТАБЕЛА: 1. Брест 8 бода (143:118); 2. Будуќност 6 (106:97); 3. Рамницу Влчеа 2 (97:108); 4. Битигхајм 0 (112:135).
ГРУПА Д
ЃЕР – КРИМ МЕРКАТОР 31:26
Офтеал 7, Кнедликова 5, Аморим Талеска 4 – Варагиќ 5, Бариќ 4, Ребикова 4
САВЕХОФ – БАНИК МОСТ 24:19
Форсберг 6, Лагербон 4, Лундбек 4 – Захова 6, Костелна 3, Дворакова 2
ТАБЕЛА: 1. Ѓер 8 бода (145:91); 2. Савехоф 3 (93:104); 3. Баник Мост 3 (96:124); 4. Крим Меркатор 0 (101:116).
]]>В сабота од 13:30 часот женската екипа ќе игра против чешкиот Мост, а потоа од 16:00 часот, мажите ќе бидат домаќини на шпанската Бидасоа.
„Колку што знам јас, ова е првпат во историјата, да се одиграат два натпревари еден по друг во ист ден на исто место во Лигата на шампионите. Ќе има музика во живо, сладолед и пуканки. Сигурни сме дека атмосферата ќе биде специјална“, најавија од Савехоф.
]]>Inte nog med att det är fyra Champions League matcher nästa vecka. Det är även #viställerupp matcherna mot Önnered. läs mer https://t.co/h2FBmJY83s och glöm inte att köpa biljetter på https://t.co/7EzTgC5mYj #superveckan pic.twitter.com/FnfvJDojO6
— IK Sävehof (@IK_Savehof) October 29, 2019
„Тоа е голема чест за нас, но не е лесно да се натпреварувате на два фронта. Имаме солиден терен, добар систем, млади ракометари и многу добри тренери“, велат од шведскиот клуб.
Иако Вардар и ЖРК Вардар често биле домаќини во ист викенд на натпреварите од елитната конкуренција, сепак никогаш не играа во ист ден. Швеѓаните тоа го искористија на најубав можен начин и ќе им овозможат на навивачите три пати по ред двојна програма во „Партиле Арена“.
Најпрво в сабота, женската екипа на Савехоф ќе игра со чешкиот Мост, додека два и пол часа подоцна мажите ќе се сретнат со шпанската Бидасоа. В среда ќе има ист случај, но сега станува збор за мечеви од шведскиот шампионат. Серијата ќе заврши следната сабота, на 9 ноември, со два меча од Лигата на шампионите, против Ѓер и Кокс.

Алисија Фернандес грубо ја фаулираше Јауковиќ која при падот удри со главата во под и беше без свест извесно време. За среќа, физиотерапевтот на екипата брзо притрча и го извади јазикот на ракометарката.
Црногорката помина неколку минути на подот, а многу брзо потоа се врати во игра што можеби и не беше најдобра одлука. Прегледите по натпреварот покажале дека Јауковиќ има благ потрес на мозокот.
„Се чувствував добро и побарав да се вратам во игра. После мечот повторно ми беше лошо и направив снимка на главата. Ми рекоа дека немам оштетувања, туку благ потрес на мозокот. Изгубив свест и паднав, но не се сеќавам на ништо освен дека рацете ми паднаа на подот. На снимка видов дека ми го ваделе јазиккот. Ќе одмарам уште еден ден па ќе видиме кога ќе се вратам на тренинзите“, изјави Јауковиќ.
Будуќност триумфираше на натпреварот против Влчеа со 23:19.
фото: vijesti.me
]]>