По победата на Курфалц пред три дена, Турингер оствари уште еден триумф, овојпат над Бенсхајм со убедливи 29-22.
Нашата репрезентативка беше втор стрелец во победата и успеа да постигне четири погодоци од пет обиди.
]]>Магдебург одлично започна, поведе со 4:0, па потоа со 9:4 и ова водство успешно го одржуваа во текот на првиот дел. На полувреме беше 18:14. Во второто полувреме Вецлар се доближи на минус еден но немаше сили за пресврт. До крајот без проблеми Магдебург стигна до победата. Кузмановски и Миркуловски постигнаа по два гола на натпреварот.
Жарко Пешевски со Штутгарт пред своите гледачи претпре пораз со гол во последната секунда од Фуксе Берлин. Ракомeтарите на Фуксе Берлин имаа пет секунди за последниот напад кој успеаја да го реализираат и да слават со 33:32 на ова гостување. Пешевски немаше реализација на мечот.
Мартин Томовски со Лудвигсхафен трiумфираше на домашен терен со 24:23. Голманот на репрезентациајта на Македонија на овој дуел имаше многу мала минутажа и не забележа одбрана.
Бундеслига 20. Резултати,
Ерлнаген – Мелсунген 25:30 (11:14)
Лудвигсхафен – Гепинген 24:23 (13:10)
Магдебург – Вецлар 34:27 (18:14)
Штутгарт – Фуксе Берлин 32:33 (16:13)
]]>На домашен терен, Турингер го победи составот на Курфалц со 34-21, а победникот беше најавен уште во првиот дел кога домаќинките водеа со 17-12.
Саздовска погоди два пати од два обиди на овој натпревар, а во следното коло нејзиниот тим повторно ќе игра на домашен терен, овојпат против Бенсхајм.
]]>Готфритсон стана играч на Фленсбург како тинејџер, кога премина од Истад и веќе во првата сезона со бундеслигашкиот тим ја освои Лигата на шампионите.
„Џим одлично го разбира ракометот и има импресивно предвидуање на противникот. За време на претстојот во Фленсбург израсна во апсолутен лидер на тимот“, изјави тренерот на Фленсбург, Мајк Макула.
Швеѓанецот сега има 28 години, а по истекот на договорот ќе има 33, што значи дека можеби ќе остане во Фленбург и до крајот на кариерата. Готфритсон е член на репрезентацијата на Шведска и до сега има одиграно 79 мечеви за својата нацинална селекција.
]]>Вецлар имаше одличен почеток на дуелот, рано направи предност од 5:1 но во продолжението гостинскиот тим се врати резултатски и на одмор беше 13:12 водство за тимот на Миркуловски. Во вториот дел домашните не дозволија изнендаување и запишаа нови бодови.
Филип Миркуловски имаше добро издание со три погодоци од три обиди, а додаде и две асистенции. Мартин Томовски за 15. минути на теренот забележа две одбрани.
Магдебург на Филип Кузмановски имаше сигурно издание на гостувањето кај Нордхори и оствари победа од 27:21. Уште по првите 30. минути гостите имаа предност 15:10 која до крај лесно ја задржаа. Кузмановски немаше учинок на натпреварот.
19. коло Бундес лига
Резултати
Вецлар – Лудвигсхафен 26:23 (13:12)
Нордхорн – Магдебург 21:27 (10:15)
Гепинген – Кил 26:27 (15:16)
Фуксе Берлин – Лајпциг 29:28 (13:13)
Бергишер – Рајн Некар 26:29 (12:16)
Мелсунген – Балинген 36:23 (15:11)
Лемго – Ерланген 34:32 (18:17)
Хановер – Штутгарт 32:19 (13:8)
Фленсбург – Минден 27:22 (14:10)
]]>Претходниот рекорд на посетеност на еден натпревар во пониските конкуренции беше 3.400 гледачи, а беше поставен пред околу еден месец. Најава дека овој рекорд ќе биде надминат беше дополнителното пуштање на влезници за „Волфсваген хале“ па така на натпреварот имаше вкупно рекордни 5.021 навивач.
Победник на дуелот беше домаќинот кој славеше 28:24 и со оваа победа останува на лидерската позиција со максимален ефект од 12 победи.
Атмосферата во салата беше извонредна и без сомнение многу подобра дури од некои натпревари во Лигата на шампионите. Претставувањето на ракометарите и атмосферата погледнете ги во следното видео.
+++ Einlauf unserer MudrowJungs +++
+++ Einlauf unserer #MudrowJungs +++Unser gestriges Spiel gegen den MTV Vorsfelde Handball hatte einige Highlights. Das Erste haben wir schon einmal für euch ;)Der Einlauf war für unsere Jungs und sicher auch für euch auf den Tribünen bombastisch :)Am Ende stand ein 28:24 auf der Anzeigetafel. Der zwölfte Sieg im zwölften Spiel
Публикувахте от MTV Braunschweig Handball в Събота, 21 декември 2019 г.
Пешевски и Штутгарт загубија убедливо на гостувањето кај силниот Хановер со 32-19, а македонскиот пивотмен не погоди ниту еднаш од три обиди.
Талески и Балинген, пак, исто така беа поразени на гостувањето кај Мелсунген со 36-23, а македонскиот лев бек даде еден гол од два обиди.
Во текот на денот, Вецлар со Филип Миркуловски ќе игра со Лудвигсхафен на Мартин Томовски, а Магдебург со Филип Кузмановски ќе гостува кај Нордхорн.
]]>„Не чека натпревар со Ферндорф, кој ќе го играме пред најмалку 10.000 навивачи во „Барклејкард Арена“. Се надевам дека Хамбург догодина ќе игра во Бундес лигата, но јас со сигурност нема. Се простувам од активно играње ракомет. Всушност, јас и сега сум како помошник тренер, иако и понатаму тренирам, а од време на време и играм. Но оваа сезона е сигурно последна. Останувам во ракометот, тоа е сигурно, ме интересира тренерскиот занает. Потполно е разчично чувството од она кога си играч, но мене ме интересира. Тоа ми е желба и сега одам во таа насока да станам тренер, но не е исклучено да бидам и спортски директор“, изјави Лацковиќ за хрватските медиуми.
Левиот бек помина две сезони во Вардар и остави одличен впечаток, а претходно беше член на хрватските Вартекс и Загреб, а еден од малкуте ракометари што го носел дресот на трите германски великани – Кил, Фленсбург и Хамбург. За хрватската репрезентацијата одигра 195 меча и постигна 571 погодок, а освои светско злато на СП во 2003 и олимписко во 2004 година.
]]>39-годишниот голман го поставни новиот рекорд на гостувањето на неговиот клуб Ерланген кај Хановер. Карстен Лихтлајн кариерата во Бундес лигата ја започна во 2000 година во Гросвалштат, потоа настапуваше за Лемго и Гумерсбах, пред да се пресели во Ерланген на почетоткот на сезонава.
Тој најзначајните успеси ги има постигнато со репрезентацијатана Германија кога го освои златниот медал на Светското првенство во 2007 година. Исто така има и два златни медали од Европските првенства во 2004 и 2016 година.
]]>22-Годишниот Норвежанец Магнус Фредриксен, кој настапува за шампионот Елверум, потпиша договор на две години со Вецлар и ќе биде новиот плејмејкер на бундеслигашот.
Миркуловски ќе бара нова средина, а со оглед на партиите што ги прикажува во последно време, нема да биде изненадување, доколку го видиме во клуб што е многу посилен и поконкурентен од Вецлар.
Најголем дел од кариерата, некогашниот репрезентативец го помина во Металург, а имаше и епизода во Младост Богданци. По заминувањето од Автокоманда, полусезона беше член на Хановер, а потоа се пресели во Вецлар, каде што игра и ден денес.
]]>