Синфин по ремито во првиот дуел од осминафиналето на гости кај Гвадалахара, 32-32, на домашен терен славеше убедливо против тимот каде што игра Костадин Петров со 37-28.
Димитриевски беше меѓу главните стрелци во домашниот тим и постигна пет погодоци, додека Петров немаше учинок за Гвадалахара.
]]>Двобој имаа двајцата велешани, Костадин Петров во домашниот и Дарко Димитриевски во гостинскиот тим, а подобар во голгетерскиот ефект беше Димитриевски, кој постигна седум голови.
Патникот во четвртфиналето ќе биде решен на реваншот во Сантандер на 21 декември, а Синфин ќе биде во предност.
Поради тој натпревар, двајцата македонски репрезентативци ќе му се приклучат на националниот тим директно пред заминувањето за Србија на контролните средби со Кувајт.
]]>Составот на Хелветиа Анаитасуна триумфираше во Сантандер со 29-32 во натпревар од 14 коло, а на полувреме беше 13-14 за гостите.
Димитриевски ја продолжува одличната форма и беше најдобар стрелец во домашниот тим, успеа да постигне осум голови од девет обиди.
Во следното коло Синфин ќе гостува кај Бидасоа Ирун.
]]>Пуенте Хенил го совлада тимот на Нава со 25:24, а одлучувачкиот гол го постигна Виктор Алонсо. Тој беше исклучен на две минути и требаше да се врати седум секунди пред крајот на натпреварот. Сепак, тој влезе во игра 13 секунди порано од што требаше и успеа да погоди за победа на својот тим.
Овој инцидент во првенството на Шпанија помина незабележано од судиите, делегатот, а ниту некој од противничката екипа го забележа тоа. Во видеото во продолжение погледнете ја завршницата на мечот.
]]>Десното крило беше желба на Барселона уште пред две години, но Словенецот тогаш одбра трансфер во Келце кај Талант Душебаев. Јанц нема да го продолжи престојот во Полска, иако Бертус Сервар му понуди нов договор.
На позицијата десно крило 22-годишниот ракометар ќе биде замената за Виктор Томас кој е во залезот на својата кариера. Јанц потпиша договор на четири сезони, а ќе има словенечко друштво во Барса, бидејќи таму веќе втора сезона игра уште еден леворак ракометар, Јуре Доленец.
]]>Иако Гвадалахара губеше со 11-19 во второто полувреме, предводена од одличната одбрана полека готопеше гостинското водство и на триесетина секунди до крајот стигна до водство 26-25.
Сепак Бидасоа погоди на шест секунди до крајот и се спаси од пораз. Петров стандардно беше главен во одбраната на домашниот тим, а постигна и еден погодок во вториот дел, во моментите кога Гвадалахара го правеше камбекот.
Тимот на Петров сега е на 12. позиција на табелата во Асобал лигата, а следен предизвик ќе биде гостувањето кај Хуеска.
]]>Гвадалахара славеше на гостински терен убедливо со 23-30 над составот на Кордоба и се пласира во следната фаза.
Таму се најде и Синфин Сантандер на Дарко Димитриевски, а ривалите на Синфин и Гвадалахара во осминафиналето ќе бидат познати наскоро.
]]>Со новиот договор управата на Бидасоа Ирун го обврза Куетара до 2022 година. Тренерот пристигна во клубот во сезоната 2016/17.
Бидасоа Ирун под водство на австрискиот стручњак во првенството на Шпанија се наоѓа на четвртата позиција по седум одиграни кола со пет победи и по еден пораз и нерешен исход.
Шпанскиот тим во Лигата на шампионите е во група со Еурофарм Работник и првиот нивни дуел го добија Шпанците на домашен терен.
]]>„Асобал лига е одлична за докажување на младите играчи, во споредба со Македонија и Полска. Ги победуваме нашите противници многу лесно, па секој има свои 15-20 минути. За жал, нашите тренинзи се потешки од натпревари, па веројатно затоа немаме добра посета на домашен терен, но ги полниме салите кога гостуваме секаде“, вели Циндриќ.
Хрватот ја спореди Барселона со Скопје и со Келце каде играше и живееше претходно.
„Одлично е, навистина уживам. Не сум во центарот, малку сум настрана, затоа што не сакам гужва. Јас сум малку поблиску до плажата, салата ми е на околу 20 минути. Сè уште не сум бил во можност да го видам градот, едноставно немав време“, продолжи Хрватот.
Тој не може да се навикне на тоа што тренинзите се сфаќаат како работа и дека нема многу дружење пред или по нив.
„Менталитетот не е како нашиот. Сите го сфаќаат тренингот како работа и потоа секој си оди дома. Ми недостасува тоа дружење. Најмногу се спријателив со Палмарсон. Тој е некако најотворен“, искрен е Циндриќ.
Некогашниот член на Вардар и Металург се наоѓа на подготовки со хрватската селекција за пријателскиот двомеч со селекцијата на Германија во рамките на ЕХФ неделата.
]]>Синфин на гостински терен го победи некогашниот европски шампион Сиудад Реал со 30-33 и се пласираше во осминафиналето.
Димитриевски беше прв стрелец на мечот и успеа да постигне шест погодоци. Противникот на Синфин во следната рунда ќе биде дополнително познат.
]]>