Левиот бек Фабио Магелаеш во интервју за португалските медиуми зборуваше за подготвеноста и очекувањата од првенството.
„После толку неуспешни обиди нашата мотивација за ЕП е огромна. Сакаме да покажеме дека имаме квалитет и дека почесто треба да играме на вакви тунири, тоа го заслужуваме. Мислам дека ракометот во Португалија ја преживеа револуцијата. Ова е забележливо според тоа што младите играчи веруваат дека тимот може да оди напред. Мотивацијата е видлива во резултатите на нашите младински тимови. Моето искуство ќе се обидам да го пренесам на младите ракометари. Сите сме малку вознемирени сега, но тоа е и добро, затоа што се чувствуваме одговорни“, изјави Магелаеш.
Репрезентацијата на Португалија во прелиминарната фаза за пласман во главната рунда ќе се бори со Франција, Норвешка и Босна и Херцеговина.
]]>„Некои наши желби не ни се исполнија. Сакавме да играме во Австрија, бидејќи таму сигурно ќе имаше повеќе наши луѓе. Нашата група е навистина тешка, ги имаме за ривали домаќинот Норвешка, Франција, која е светски, европски и олимписки првак, како и Португалија која напредуваше најмногу во минатите четири пет години. Тие имаат три силни кои играат во Лигата на шампионите и вложуваат многу во ракометот. Сигурно дека и во Трондхајм ќе имаме навивачи. Ќе се бориме, да кажам дека ќе победуваме, мислам дека тоа би било премногу. Самиот пласман на Европското првенство е успех за нас, но сигурно дека нема да одиме таму да се шетаме. Одиме да го дадеме нашиот максимум, па ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за нешто повеќе“, изјави Прце.
Босна и Херцеговина ќе игра во норвешкиот Трондхајм против домаќинот, Португалија и Франција, и ќе има тешка задача да избори место во следната фаза.
]]>Нема големи изненадувања, па на списокот се наоѓаат очекувано имињата на Јанко Божовиќ, Роберт, Никола Билик, Томас Бауер…
Од овие 18, по пријателскиот натпревар со Германија на 4 јануари, Пајовиќ ќе ги одбере 16-те ракометари што ќе играат на ЕП.
Македонија ќе игра со Австрија на 14 јануари од 18:15 часот.

Селекторот на оваа селекција, Алеш Пајовиќ ја препушта фаворитската улога во групата на нашата репрезентација.
„Играме на домашен терен, тоа е голема предност, бидејќи публиката ќе биде нашиот осми играч. Иако на прв поглед групата изгледа лесно, сепак не е така. Секој може да го победи секого. Нашата цел е да се пласираме во главната фаза. Македонија има добра репрезентација, предводена од лидерот Кире Лазаров. Во репрезентацијата играат ракометари од Вардар и Металург кои имаат големо искуство на меѓународната сцена и во Лигата на шампионите. Вардар е европски првак, а Македонија е земјата на европскиот првак, затоа се фаворит во нашата група“, изјави Пајовиќ.
Покрај Австрија и Македонија, во групата Б на ЕП што ќе се игра во Виена, ќе играат и Чешка и Украина.
]]>„Горди сме што успеавме да стигнеме до Европското првенство, но предизвикот што претстои е да покажаме што знаеме. Работиме многу и сме возбудени. Даинис Кристопанс во моментов работи индивидуално, но ќе биде подготвен до почетокот на првенството. Ајде да видиме дали можеме некако да ги изненадиме нашите ривали“, истакна Ушинс.
Исто така и голманот на Вардар, Артурс Кугис имаше свој коментар пред почетокот на шампионатот.
„Чувството во тимот е секогаш посебно. Имаме една цел а тоа е добро да се покажеме бранејќи ги боите на Летонија. Не бев на голот ден месец заради повредата на глуждот, но работев со топка. Мислам дека ќе бидам подготвен за Европското првенство“, изјави Кугис.
Летонија во прелиминарната фаза игра ќе игра со екипите на Холандија, Германија и Шпанија.
]]>Според планот веќе на 3 јануари ќе биде одигран натпревар против репрезентацијата на Словенија. Ден потоа ќе може да се тренира, а веќе на 5 јануари следува нов контролен меч против составот на Црна Гора.
Ова ќе бидат последните контроли пред заминувањето за Австрија. Се патува на 9 јануари, а ден потоа се игра првиот дуел. Македонија ќе го отвори Европското првенство против селекцијата на Украина на 10 јануари, а почетокот на средбата е закажан за 20:30 часот.
Втората средба ќе биде против селекцијата на Чешка од 16 часот на 12 јануари, додека на 14 јануари е предвиден последниот дуел. Тој се игра против составот на домаќинот Австрија од 18:15 часот.
]]>Сепак, капитенот Лазаров изјави дека треба да им се даде шанса и да се верува во овие играчи бидејќи тие сигурно ќе блеснат.
„Ние сме тим и така мораме да размислуваме. Имаме повеќе млади играчи не се само Талеки и Кузмановски. Интернационалец сум веќе 20 години и знам како функционираат работите во клубовите во другите земји. За Германците не купуваат ракометари на невидено. Имаат квалитети и се чека да ги покажат своите квалитети. Прашање на време е не само во репрезентацијата туку и во нивните клубови кога ќе блеснат. Таа генерација на Мундијалот во Алжир беа на 6. место. Ако тогаш биле на 6. позиција во свет тогаш е јасно дека во нив се крие талент кој е неспорен и треба да се најде начин како да блеснат“.
Додаде дека им треба поддршка и помош за дополнително мотивирање на ракометарите.
„Сето она што се зборува за нив само дополнително им отежнува. И ова кога ќе го видат ќе имаат повеќе товар и затоа мора да се охрабрат. Не треба да се чека од еден или двајца туку сите 16 или 18 колку што ќе бидеме во Австрија мора да го дадат максимумот. Не може сите да го дадат најдоброто на еден натпревар и да одиграме добро во она што ќе се очекува од нас. Ја сум сигурен дека ќе биде сè подобро како ќе одминува време. Тие се македонските ракометни дијаманти и прашање е на време кога Македонија ќе биде на високо ниво. Не само сега туку и понатаму“, рече капитенот.
]]>Брестовац вели дека би било добро да има уште еден среден бек, кој нема да биде висок туку низок и кој ќе може да биде лидер в нападот.
„Ни недостига среден бек, кој ќе биде лидер во нападот, кој ќе биде организатор и тоа по можност да биде низок бидејќи имаме високи играчи. После четирите контролни натпревари јас ги искарав десните бекови и им реков дека ако можев немаше да земам никого со мене ниту во Словенија нуту во Австрија. Ги искарав и крилата бидејќи имаа многу промашени удари. Димитриоски на пример отпадна затоа што имаше многу промашени зицери. Ова е репрезентација каде секоја топка е важна. Имаше врзани грешки кои не смее да ги направи. Сите имаа шанса да одиграат четири натпревари.
Брестовац смета дека резултатот од турнирот во Букурешт не смее никого да залаже туку едноставно мора сите да бидат свесни дека ќе мора уште да се работи.
„Не дозволуваме победата со Романија да не залаже. Романците беа подготвени да прослават, но наша грешка ќе биде ако мислиме дека имаме ротација. Не е така туку ние мораме да сфатиме дека мораме да работиме и понатаму. Мора сите да сфатат дека мораме да работиме. Кога тоа ќе го сфатат сите тогаш сме на вистинскиот пат“.
После завршувањето на турнирот имал и состанок со играчите кои беа дел од ова натпреварување. На секого му образложил зошто ќе биде или нема да биде дел од средбите во Словенија.
„Со секој ракометар имав посебен состанок. Сите имаа шанса. Некој помалку некој повеќе. Тоа што им го понудив да одработат требаше да го искористат. На секој точно му беше објаснето што е целта и што ми е мене целта и за што се повикани во оваа репрезентација. По завршување им беше кажано што одиграа и како одиграа. Немаше ниту едно прашање и коментар за моето излагање за секој посебно“, изјави селекторот Брестовац.
Тој на контролните средби против Словенија ќе поведе вкупно 20 ракометари, но на Европското првенство нема да бидат сите бидејќи тоа ќе зависи од одлуката со колку играчи да се патува.
]]>„Одработивме добри подготовки. Имавме добри тренинзи во Скопје и четири контролни средби. Селекторот можеше да види на кои играчи може да смета и на Европското првенство. Одигравме добро и секој даде свој максимум и одигра колку може и како што знае. Ни претстојат уште две контролни средби каде ќе треба да се довклопат сите коцки. Се комплетираме со доаѓањето на сите ракометари кои имаа клупски обврски. Имаме доволно време до 10 јануари против Украина да се подгтовкиме и да можеме да тргнеме со добар резултт. Групата нема изразит фаворит, но е тешка. Секој ќе може да победи против секого и ќе мораме да се подготвиме најдобро што може и на физички и на психолшки план за да помине во вториот круг“, изјави Митревски.
Македонија ќе игра во групата Б во Виена заедно со домаќинот Австрија, Чешка и Украина.
]]>„Поискусните и ракометарите кои играат во Германија се приклучуваме на 2 јануари. Селекторот имаше можност да види на кои играчи може да се смета за да имаме поширок ростер. Од она што го видов со Романија сум задоволен како капитен. Овие играчи треба да се охрабрат и да им се даде шанса за да можеме да бидеме конкуретни и со големите селекции. Не треба да стравуваме за нашата иднина. Ќе бидеме учесници и понатаму на големите натпреварувања и ако ни се укаже шанса да ја искористиме“,рече Лазаров.
Тој смета дека младите одиграле добро и дека сега кога на терен ќе се најдат со поискусните ќе биде уште подобро.
„Имаме 7-8 дена до почетокот на Европското првенство за подготвени да го дочекаме овој дуел. Сите играчи кои одиграа четири натпревари за шест дена и со така долг пат се подготвени за настап и добро е што никој не е повреден. Сега тука сме и поискусните јас, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов… играчи кои играат во големи клубови, а имаме и ростер за да можеме да одиграме добри средби во текот на целото првенство.
Што се однесува допрвенството смета дека Македонија може до пласман во главната фаза.
„Се надеваме и веруваме дека имаме квалитет за да ја минеме првата фаза. Искуството вели дка мора да одиме натпревар по натпревар. Првиот меч е најважен за да отвориме добро. Ова се противници кои во минатото повеќе сме ги победувале отколку што сме губеле, но однапред не можеме да предвидиме што ќе се случува. Можеме да се носиме со сите ривали, а во моментов сме благи фаворити, па дури и против домаќинот Австрија. Со оглед на ростерот и искуството кое го имаме ни дава сигурност дека ростерот ќе го надополниме и ќе имаме 14 до 16 квалитетни ракометари кои ќе можат на секој натпревар да го дадат својот допринос и без разлика дали ќе одиграат 5 или 15 минути да се верува на нив“, изјави Лазаров на денешниот прес.
]]>