Aргентинците знаат како да ја запалат публиката: По Диего и Себастијан „заигра“ танго (ВИДЕО)

Можеби не се единствените Аргентинци кои играат ракомет на европско тло, но браќата Симонет се вистински амбасадори на својата земја и овој спорт. Тројцата браќа со години успешно настапуваа во францускиот шампионат, но само Диего остана да ги брани боите на Монпелје. Најмладиот брат Пабло има 25 години и сега настапува во шпанскиот шампионат во составот на Бенидорм, додека најстариот Себастијан (31 година) исто така во 2016 година замина за Шпанија каде игра за составот на Адемар Леон.

Токму Себастијан во натпревар од Лигата на шампионите покажа дел од својата ракометна страст и аргентински темперамент, постигнувајќи атрактивен погодок со пируета за победа на својот тим против Динамо Букурешт…

На почетокот на септември Диего Симонет во дресот на Монпелје на атракtивен начин го совлада голманот на Металург, Дарко Арсиќ, а тој погодок беше одбран за најдобар потег во првото коло од Лигата на шампионите.

Тројцата браќа се бекови, Диего и Себастијан настапуваат на плејмеркерската позиција, додека Пабло е лев бек. Тројцата се репрезентативци на својата земја. Интересно за ова семејство е што и нивните родители Луис Симонет и Алисија Молдес исто така биле репрезентативци на Аргентина во своето време.