Aнтонио Ортега: Го решивме мечот со одличната одбрана

Во таборот на Хановер на пресот после средбата не го криеја задоволството од убедливата победа во Битола која ги остава во игра за второто место во групата 2 и борба за пласман во четврт-финалето во одлучувачкиот натпревар со Нексе.

По натпреварот тренерот Антонио Карлос Ортега имаше свое излагање за случувањата на теренот.

„Ова беше многу важен натпревар за нас после вчерашниот епилог меѓу Нексе и Татабања. Одлично влеговме во оваа средба, а мојот тим одигра неверојатно во одбраната. Таа беше надополнета и со одличниот Мартин Цимер на голот. Го решивме натпреварот уште во првото полувреме и потоа беше полесно. За Еурофарм Работник беше тешко да се игра без десен бек. Среќен сум поради победата на моите момци, а веќе в среда не очекува одлучувачиот натпревар против Нексе и се концентрираме на тој дуел‘‘,  изјави Ортега.

Во среда во 20:30ч Хановер го пречекува Нексе во директен дуел за второто место на табелата и пласман во четврт-финалето од Купот на ЕХФ: