Aндоновски за 24Ракомет ТВ: Дуелите против Бешикташ и Алингсас ќе ни бидат добар тест пред Купот на ЕХФ (ВИДЕО)

Охрид загуби од Бешикташ во првиот натпревар за нив на турнирот во Струга со 32:24. Иако тимот на Горан Адндоновски беше конкурентен 45 минути, 22:21, сепак искуството на турскиот тим пресуди на крајот и победата беше убедлива 32:24. Стратегот на Охрид, смета дека неговата екипа одиграла солиден натпревар и дека овие дуели ќе бидат искористени како добар тест за дуелите против Волендам од Купот на ЕХФ. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот….