Одредени термините: Пелистер ќе брка четвртфинале во Челинџ Купот на 9 февруари во Ниш

Ракометарките на Пелистер оваа есен за првпат во клупската историја поминаа едно коло во европските купови, конкретно во Челинџ Купот.

Битолчанки во второто коло од ова натпреварување со две убедливи победи го елиминираа претставникот од Малта, Ла Сал и обезбедија место во осминафиналето.

За место во осумте најдобри, Пелистер ќе се соочи со српскиот тим Наиса од Ниш, кој своевремено играше и во Лигата на шампионите против некогашниот тим Кометал ЃП.

Веќе се потврдени и двата термини за средбите од осминафиналето. Првиот натпревар ќе биде одигран во салата „Боро Чурлевски“ на 2 февруари со почеток од 18:00 часот.

Реваншот кој ќе го даде патникот во четвртфиналето ќе биде одигран во Ниш на 9 февруари во салата „Чаир“ со почеток во 18:30 часот.