81 гол во Автокоманда, Металург 2 на чекор до влез во Суперлигата.

Неверојатни 51:30 гласеше конечниот резултат на средбата Металург 2 и Тиквеш во рамките на предпоследното коло од плеј – офот во Првата лига. Домаќините од Автокоманда лесно се справија со гостинот од Кавадарци и во одлично расположение го дочекуваат последниот дуел сезонава против Вардар Неготино.

Во него тимот предводен од Радослав Стојановиќ мора да обезбеди победа за да влезе во Супер лигата. Против Тиквеш, Металург 2 не влезе со цел состав, но и покрај ротациите стигна до убедлив триумф. Најпрво домаќинот стигна до предност од 5:0, која постепено ја зголемуваше.

Како од шега погодуваа домашните кои полувремето го добија со огромни 28:13. Со ова Тиквеш немаше што да бара во вториот дел кој помина во слично темпо како и во првиот, а Металург 2 дојде и до 50. гол во мрежата на противникот.

Речиси сите ракометари на Металург 2 се запишаа во листата на стрелците, а најдобар беше Димитар Ристовски со девет гола. На спротивната страна 14 гола постигна Мартин Димовски.

Металург 2 со победа против Вардар Неготино на гости со сигурност ќе го завери местото во Супер лигата. Тиквеш сезоната ја завршува со натпревар на свој терен против Македонија Ѓорче Петров.