3. коло, група Ц, Чешка-Египет

Квалитетен натпревар се играше во групата Ц помеѓу Чешка-Египет. Во динамичен дуел на две цврсти репрезентации конечниот резултат гласеше 24:27.
Чешка 24-27 Египет
Чесите, играа тимски па така дури 9 играчи постигнуваа голови во првиот дел. На спротивната страна Египет го потврди епитетот на селекција која игра грубо, уште на стартот веќе имаа три исклучувања. Чесите после првичното водство од 3-1, му дозволија на Египет да влезе во ритам и да го израмнни резутатот на 3-3 со квалитетна тактика, со напади преку проигрување на 6-те метри. Со новбран од 3-0, Египет поведе 3-6. Но Чесите не се предадоа и се изборија за минимална негатива од 9-10. ‘Фараоните’ се консолидираа и на полувреме заминаа со предност од три разлика, 10-13 за Египет. Тактички, Чесите играа со формација 5-1 низ натпреварот, додека Египет играше длабока 6-0 зона со многу остра игра. 33-та минута го одбележа новото израмнување 13-13. Египетскиот селектор ја среди играта на своите ракометни пулени кои повторно поведоа со +2 (15-17, 16-18 и 17-19). На десет минути до крајот имаа предност од +4 (19-23), но Чесите преку Собол намалија на -2(21-23). Во 54-та минута Египет имаше стабилно водство од 21-25, а позициона игра беше тоа што пресуди на овој натпрвевар. Во последната минута Египет влезе со четири погодоци предност, недостижна за Чесите кои забележа нов пораз од 24-27.

Во победничкиот тим, најефикасни беа Елахмар со 6 голови, Иса и Хашем со по 4 голови. Кај Чесите, Хрстка постигна 5.