24 РАКОМЕТ ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА, НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ: Доаѓа времето на новите момци, време е да преземат одговорност за Македонија (ИНТЕРВЈУ/ВИДЕО)

Наумче Мојсовски остана забележан во историјата на македонскиот ракомет како играч кој дал огромен придонес во дресот на репрезентацијата, но и како играч кој својот последен гол во дресот со националниот грб го постигна за пласман на Светско првенство. Пред две години стави крај на кариерата, а во 2018 година почна една нова страница.

Редакцијата на 24Ракомет го прогласи за Личност на 2018 година бидејќи тој донесе нови ветришта во Струга. Со него клубот се врати во Супер лигата, а потоа и Струшкиот турнир го крена за неколку скалила и беше виновниот што доби еден нов лик. Игралиштето на „Женска плажа“ исто така доби нов лик, па сето тоа беше доволно за да добие ваква можност. Покрај тоа е дел и од Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, па со своето искуство секако придонесува и за развојот на македонскиот ракомет.

Во екслузивното интервју за 24Ракомет Мојсовски коментираше на неколку теми. Притоа говореше за разликата меѓу играчката и менаџерската кариера. Зборуваше и за тренерите кои му оставиле најголема трага во играчката кариера, за најголемите успеси, за причините поради кои прерано ја заврши својата кариера.

Стана збор и за неговото враќање во Струга, но како претседател, за враќањето на стариот сјај на Струшкиот турнир кој во 2018 година беше еден од најсилните во историјата, но и за очекувањата од репрезентацијата и за тоа кој ракометар го гледа како свој наследник.

Целото интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение.