24 РАКОМЕТ ИГРАЧ НА ГОДИНАТА, ИГОР КАРАЧИЌ: Додека постои Вардар на сите ќе ни биде убаво (ИНТЕРВЈУ/ВИДЕО)

Ракометарот кој во Вардар смени неколку тренери во последните години, а дојде уште во времето на Веселин Вујовиќ, Игор Карачиќ и понатаму е дел од „црвено-црните“ и со задоволство го носи дресот во кој забележа многу успеси. Секогаш пожртвуван, секогаш мотивиран и со желба да го даде максимумот тој и во 2018 година одигра на ниво и беше играч кој на многу натпревари пресудуваше за клубот да дојде до бодови.

Со Вардар во 2018 година освои титули во Првенството на Македонија, Купот на Македонија, Супер купот на Македонија, СЕХА-лигата, а играше и на уште еден Ф4 турнир каде Вардар заврши на 4. место.

За сето она што го направи со Вардар, како се случи да дојде во Вардар бидејќи во исто време имал понуда од двата големи ривали на теренот Вујовиќ и Червар, за иднината… зборува во интервјуто за 24 Ракомет. Зборува и за тоа што би бил доколку не станел ракометар, но и за тоа како се случи тој да игра за Хрватска, а неговиот брат Иван за БиХ.

Игор Карачиќ потврдува дека го направил вистинскиот избор кога пристигнал во Скопје и ја добил довербата од страна на клубот за кој настапува и понатаму, а и во иднина ќе го носи истиот дрес.

Комплетното интервју можете да го погледнете во видеото во продолжение.