24РАКОМЕТ ТВ ИНТЕРВЈУ СО СЛАВЕ НИКОЛОВ И ЃОРЃИ НАЧЕВСКИ: Допрва следува најдоброто од нас! (ВИДЕО)

Најдобрата македонска судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, иако не го судеа финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите, сепак беа во центарот на вниманието.

Тие двајцата беа арбитри на полуфиналниот двобој меѓу Веспрем и Келце, а добија одлични критики и од инволвираните на теренот и од нашите колеги од Унгарија и Полска.

За досега постигнатото во кариерата, за менувањето на судиските правила, за грешките кои можат да го променат текот на натпреварот, за идните планови на нашите најдобри судии…дознајте повеќе во интервјуто на 24Ракомет што го направивме по завршувањето на Ф4 турнирот во Келн, кога Вардар стана европски шампион.