24Ракомет АНАЛИЗА: Стевче Алушовски за полуфиналниот натпревар меѓу Барселона и Киелце

Прв полуфинален натпревар кој се игра во 15:15 и кој ќе го судат летонските судии Лицис и Столаровс. Натпревар помеѓу седумкратниот победник и трикратниот учесник во финалето на Лигата на шампионите – тимот на Барселона и тимот на Киелце кој втор пат ќе учествува на завршниот Ф4.
анализи-за-ф4-по-вкупно
Барселона на патот до Ф4 во Келн годинава имаше само еден нерешен резултат против КИФ Колдинг и еден пораз против полската Висла Плоцк, во натпревар кој немаше некое големо резултатско значење. Во осминафиналето и четвртфиналето немаа тешка задача против Алборг и Загреб и се едни од најголемите фаворити за освојување на шампионската титула оваа година во Лигата на шампионите, по минатогодишниот пораз во полуфиналето, кога сите веќе ги видоа во финале, пораз од екипата на Фленсбург која минатата година ја освои Лигата на шампионите.
Од друга страна тимот на Киелце на патот до Ф4 загуби само еден натпревар во осминафиналето и тоа на домашен терен против екипата на Монпеље, тим кој во четврт-финалето го елиминираше нашиот Вардар во два неизвесни и рамноправни натпревари.
Во досегашните три меѓусебни дуели поуспешен е тимот на Барселона со две победи и еден нерешен резултат (два пати играле во 2010 година и во полуфиналето на Ф4 во 2013 година).
И двете екипи доаѓаат на Ф4 со перфектно одработена домашна задача и со одбрана на титулите во домашните првенства. Барселона по распадот на Атлетико Мадрид суверено и без пораз „гази“ во шпанскиот шампионат, додека Киелце го победи својот најголем конкурент во полскиот шампионат – тимот на Висла Плоцк. Податокот што Барселона нема сериозна конкуренција во Шпанија, кога станува збор за турнирски систем на натпревари може да биде мал хендикеп за освојување на титулата на овогодинешниот Ф4.
Првиот полуфинален натпревар во сабота, според мене ќе биде еден изедначен и рамноправен натпревар на два извонредни тимови од кои се очекува, а тоа е и нормално кога се сака да се освои титула, да посветат особено внимание на одбраната и на брзата транзиција.
Она што е за очекување од двата тима, од досега одиграните натпревари оваа година, се нивните стандардни 6-0 одбрамбени формации, доколку Талант Душебаев не се одлучи да не изненади со некоја 5-1 формација како што тоа го направи со екипата на Атлетико Мадрид во годините кога ја бркаше шампионската титула како нивен тренер, во антологиските натпревари против Барселона.
Што се однесува до Барселона, тие исто така ќе мораат да се трансформираат во алтернативна одбрамбена формација која ќе биде нападната со влез на крилен играч во некоја 5-1 формација со Томас и Сигурдсон како предни во таа формација.
Во зависност од нападот на Барселона, Чави Пасквал ќе менува највеќе две измени од напад во одбрана, односно Лазаров и Сармиенто со Раул Ентрериос и Виран Морос. Додека Талант Душебаев има поголем избор на ротација на играчите од напад во одбрана, односно Зорман и Агинагалде со Јурецки и Муса или Ткачик и Агинагалде со Росински и Чрапковски.
Не очекувам дека ќе отстапат од своите стандардни постави.
Она што останува да се направи е да се споредат по позиции двете екипи, па да тргнеме со ред:
ЛЕВИ КРИЛА
Барселона 51% Киелце 49%
анализи-за-ф4-по-позакрила
ЛЕВИ БЕКОВИ
Барселона 51% Киелце 49%
анализи-за-ф4-по-лев-бек
СРЕДНИ БЕКОВИ
Барселона 50% Киелце 50%
анализи-за-ф4-по-центр
ДЕСНИ БЕКОВИ
Барселона 50% Киелце 50%
анализи-за-ф4-по-десен-бек
ДЕСНИ КРИЛА
Барселона 50% Киелце 50%
анализи-за-ф4-по-десно-крил
ПИВОТИ
Барселона 50% Киелце 50%
анализи-за-ф4-по-пик
ГОЛМАНИ
Барселона 50% Киелце 50%
анализи-за-ф4-по-голм
Според сѐ, тимот на Барселона е во мала предност, односно 51% – 49% и мое мислење е дека не очекува еден неизвесен и рамноправен натпревар, натпревар за вистинско уживање на сите вистински љубители на ракометот.