24Ракомет Анализа: Елена Муратовска за натпреварот Македонија – Исланд

Видливата разлика во квалитетот меѓу нашата репрезентација и репрезентацијата на Исланд не би требало да биде деструктивна пред натпреварот кој ни следи денес со почеток од 17:45 часот во СРЦ Кале. Иако трети – последни во групата 3 со три порази и без никакви шанси за пласман во баражот за  СП -2015 ,нашите ракометарки ќе треба да смогнат сили и да одиграат уште еден тежок натпревар против Исланд. Исланд во своите редови ја има Кнутсдотир Карен која со 34 погодоци е најефикасна ракометарка во овој квалификациски циклус, која и на овој натпревар ќе и задава големи главоболки на нашата дефанзива. Нашите репрезентативки би требало да го дадат својот максимум и спортски да се покажат во најдобро светло, неоптоварени од притисокот бидејки овој квалификациски циклус е веќе завршен. Само преку тимска игра, цврста одбрана и без технички грешки во нападот, со респект и непотценување на нашиот квалитет може да се надеваме на поволен резултат. Ни следи интересен натпревар со силен противник од кој што може само да се учи.

Во првиот натпревар во Исланд нашата репрезентација претрпе висок пораз од 33-23.Натпреварот е на програмата денес (сабота, 6.12.2014) во СРЦ Кале, со почеток во 17:45 часот.