24Ракомет Анализа: Андон Бошковски за полуфиналниот натпревар меѓу Кил и Веспрем

Голема чест и обврска ми е да го анализирам второто полуфинале од Фајнл Фор турнирот помеѓу Кил и Веспрем и се надевам дека оваа моја анализа ќе ги доближи вашите читатели со уште поголема страст да го следат овој дуел. Ако ја погледнеме изминатава сезона во Лигата на шампионите можеме да заклучиме дека однапред беше познато дека оваа четворка ќе се најде во завршницата. Овие клубови и во своите домашни првенства без никаков проблем ја освоија титулата, освен германски Кил кој сеуште го нема осигурано пехарот, но по мене е во најдобра ситуација да го направи тоа.doneanalizavkupnaВо однос на анализата на играта, за начинот на кој игра Кил би го рекол следново…
Во сите овие години, методично, константно, на моменти стерилно, некогаш неатрактивно, многу повеќе атрактивно, но што е најважно… Секогаш ја исполнуваат својата цел, а тоа е победа. Сите кои ја следат ракометната игра си го имаат поставено прашањето кога Кил последен пат ангажирал ракометар кој со години не ја видел или поминал линијата на центарот, или ракометар кој игра во еден правец. Во оваа германска машинерија секој ракометар без проблем станува играч во два правци, секогаш се игра на победа и гол повеќе од противникот. Затоа според мене и според погоре наведеното Кил секогаш е во предност. Нормално во спортот не можете пред време да сметате на ниту една победа, но тие се секогаш фаворити без разлика на нивниот противник и со било кој состав да излезат на терен. Доколку треба да изберам кој е еден од најдобрите ракометари на Кил, тука секако би го ставил Арон Палмарсон. Леснотијата со која овој Исланѓанец го игра ракометот ве остава без здив, начинот на кој тој прави се да изледа така лесно а воопшто не е, го става во позиција на лидер на овој состав, а надополнет со Јиха, Вујин, Дувњак, Канељас и останатите го става Кил во фаворитска улога пред секој натпревар. Нормално за Палмарсон да го покаже сето ова му треба слобода во играта која се помалку ја добива и затоа од наредната сезона преминува во унгарски Веспрем. Според нашиот менталитет и сфаќање на спортот сигурно ќе си речеме дека овој (Палмарсон) нема да игра. Напротив, јас мислам дека ќе биде еден од клучните ракометари во ова полуфинале!Веспрем е екипа која долги години наназад ги поставува темелите на ова што е денес. Мислам дека со враќањето на Наѓ и со поставувањето на Ортега на тренерската позиција се најблиску до долго очекуваното финале. Веспрем полека станува екипа со шпански победнички дух која во комбинација со унгарската упорност, балканскиот шмек и фантастичната армија на навивачи позади себи сосема заслужено се наоѓа на врвот на европскиот ракомет. Дали ќе имаат успешен настап на фајнл-фор турнирот во Келн во голема мера ќе зависи од тоа дали ќе успеат да го наметнат својот начин на игра во кој доминираат одличната одбрана на чело со оваа година фантастичниот Миклер на голот, и нормално судискиот критериум од кој многу зависи начинот на нивната игра во нападот која е малку побавна од онаа на Кил, но секогаш со вистински решенија. Многу пати сум споменал претходно и пак ќе повторам, кој ќе има порасположени голмани таа вечер, надополнувајки се на сето она што претходно го споменав, ќе го даде финалистот на ЛШ.

Сето ова споредено по позиции, според квалитетот на индивидуалните ракометари изгледа вака:

ЛЕВО КРИЛО 

КИЛ 30%-70% ВЕСПРЕМ

донелеви-крила

ЛЕВ БЕК

КИЛ 50%-50% ВЕСПРЕМ

доне-лев-бек

ЦЕНТРАЛЕН БЕК

КИЛ 60%-40% ВЕСПРЕМ

донецентрален

ПИВОТ

КИЛ 50%-50% ВЕСПРЕМ

донепикери

ДЕСЕН БЕК

КИЛ 30%-70% ВЕСПРЕМ

донедесенбек

ДЕСНО КРИЛО

КИЛ 50%-50% ВЕСПРЕМ

донедесно-крило

ГОЛМАН

КИЛ 40%- 60% ВЕСПРЕМ

доне-голман

Доколку не сте знаеле, ова полуфинале ќе го суди по мене најдобриот судиски пар на денешницата, Начевски-Николов. На сите актери на овој Фајнл Фор им посакувам среќа, а на сите ваши читатели и љубители на ракометот им посакувам да уживаат во највозбудливиот ракометен викенд во годината.