24Ракомет на тренинзите на Вардар и Загреб (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Денеска со почеток од 20 часот и 30 минути не очекува супер интересен полуфинален дуел помеѓу Вардар и Загреб во рамките СЕХА Ф4 турнирот. Вчера двете екипи тренираа пред важниот натпревар, загрепчани се одлучија да ја почуствуваат Арената Вараждин каде и ќе се игра Фајнл-Фор турнирот, а македонскиот шампион својот тренинг го одработи во комплексот Сент Мартин каде се сместени четирите екипи учесници.
Двете екипи по пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите оптимистички влегуваат во овој натпревар, а загрепчани најавија и четири автобуси со нивни навивачи кои вечерва ќе им ја дадат подршката за пласман во финалето.[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”pic_id” special_effect=”none” animation_effect=”bounce” album_title=”false” album_id=”39″]