Гол во последните секунди за интересна завршница на македонската лига: Металург го совлада Зомимак во Скопје!

Третото коло на македонскиот ракометен плеј-оф го понуди првото дерби меѓу екипите на Металург и Зомимак М. Во Скопје започна битката за второто место во Супер лигата кое ќе го отвори патот до СЕХА регионалното натпреварување.
Металург 22-21 Зомимак М (10-10)
Натпревар да се биде или не, за актуелниот македонски шампион. Од моќниот Металург остана единствено стручниот штаб, Ојлевски и Митревски како потсетник за она што значеше името на тимот од Автокоманда во европскиот ракомет. Но работите се променија, а желбата за надигрување на младите ракометари на Металург зачинети со искуството на Раде Стојановиќ ги мобилизираше љубителите на Металург, да му дадат поддршка на својот тим во борба за втората позиција на табелата.
FLP_1616-2
Двата гола на некогашниот ракометар на Металург, Дејан Пецаковски му овозможија почетна предност на гостинскиот тим од 2-0. До 14-та минута Металург го изедначи резултатот на 4-4 со вториот погодок на Дарко Џукиќ. Струмичани возвратија со два гола во низа преку пикерската позиција, а реализатори беа Марковски и Павловски. Металурзите го одржуваа чекорот со Зомимак, во 19-та минута повторно го изедначија резултатот, а пет минути подоцна го превземаа водството преку најрасположениот ракометар во „сино-белиот“ дрес, Дарко Џуќиќ за 8-7. До крајот на полувремето, во изедначена игра двете екипи на пауза заминаа израмнети на 10-10.
FLP_1511-2
Првиот гол во второто полувреме им припадна на домаќините, за ново минимално водство. Ракометарите на Металург ја оддржуваа предноста до 36-та минута. Чантурија со два гола во низа ја врати предноста за струмичките „рисови“, а Младеновски со нови два погодоци, во 40-та минута ја врати највисоката предност на натпреварот за гостите. Пецаковски беше ракометарот кој ја одржуваше предноста на Зомимак. Во последните десет минути од натпреварот Зомимак влезе со два гола разлика, која од 52-та минута Џукиќ и Ојлевски повторно ја анулираа, за ново израмнување на резултатот на 21-21 и неизвесни пет минути до крај на натпреварот. Во последниот период од натпреварот, во игра со многу грешки во нападот на двете екипи, на 10 секунди до крај на натпреварот Жарко Пешевски со својот втор гол стави точка на овој натпревар за конечни 22-21.
FLP_1563-2
Најрасположен во нападот на Металург беше Дарко Џукиќ со 10 погодоци, на спротивната страна Пецаковски постигна седум за гостите.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ