Два од два за ППД Загреб во Скопје

Во натпревар од 15-то коло во СЕХА лигата, македонскиот шампион Металург по неделниот натпревар од Лигата на шампионите, по втор пат беше домаќин на екипата на Загреб.
РК Металург 20-23 ППД Загреб (5-14)
Лошата реализација и очајниот процент на прецизни удари беше клучна за девете голови разлика по првите триесет минути игра. Металург беше рамноправен противник во првите седум минути игра, кога Мандалиниќ ја отвори серијата на Загреб од четири голови во низа. Во 13-та минута младиот Шебетиќ го постигна првиот погодок за првите четири голови разлика 2-6. Металург возврати преку Неловски и Џукиќ, за намалување на водството на само два гола 4-6.Во средината на првиот дел, хрватскиот шампион зададе нов удар со четири невозвратени погодоци. Во 21-та минута Хорват беше прецизен за највисоки шест голови предност 4-10. Гоце Ојлевски за момент ја прекина серијата на Хрватите, но Мандалиниќ на два пати, Брозовиќ и Степанчиќ го одведоа Загреб на плус девет по првите триесет минути игра.
FLP_5523
Загреб рутинирано го приведе второто полувреме до крај. Хрватските ракометари ја одржуваа разликата од првото полувреме до 42-та минута. Кога веќе беше познат победникот на петнаесет минути до крај, падна концентрацијата на одбраните на двете екипи. Големиот број грешки во нападот на Загреб најдобро ги искористи Марко Неловски, кој со својот четврти гол во 51-та минута го намали резултатот на само четири погодоци, 17-21.
Неизвесни три минути до крај на натпреварот најавија Митревски со две спектакуларни одбрани, Бувиниќ и Маџовски, за 19-22. Со голот на Жарко Пешевски, Металург во последната минута од натпреварот влезе со само два гола негатива,20-22, но Лука Шебетиќ ги постави конечните 20-23 со звукот на сирената.
Најпрецизен во екипата на Металург беше Марко Неловски со четири постигнати погодоци, додека Дарко Џукиќ постигна три, на спротивната страна Мандалиниќ постигна четири.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ