12-ка за Лазаров против Монпелје

Капитенот на македонската репрезентација – Кире Лазаров денес одигра одлична партија пред своите фанови против Монпелје во рамките на Лигата на шампионите.
Гостите од Франција немаа лек за Лазаров кој запиша дури 12 голови на своето конто, седум постигна од пенал. Барселона беше убедлива против француската екипа со 37:27 (19:12). Лазаров го одигра само првото полувреме, додека во вториот дел ги изведуваше единствено ударите од седум метри. Во составот на Монпелје листата на стрелци ја предводеше репрезентативецот на Словенија, Драган Гајиќ со осум погодоци.

Во наредното коло екипата на Барселона гостува во Полска против Киелце во рамките од петтото коло од ЛШ.