100.000 ЕВРА ЗА ВАРДАРЦИ ОД ГРАД СКОПЈЕ!

Град Скопје ќе ги награди ракометарите на Вардар со шест милиони денари за освоената титула во Лигата на шампиони, а дочекот на Плоштад Македонија, организиран во нивна чест ќе чини 2 милиони денари.

Вардарци ќе слетаат на аеродромот во Скопје во 18:50 часот, а за чартер летот од Град Скопје се одвоени околу 40.000 евра.

ЈСП за пречекот ќе стави на располагање три двокатни автобуси, едниот панорамски во кој ќе бидат вардарци, а другите два ќе бидат затворени и ќе возат од аеродромот до плоштад.