Што треба да направиш кога ќе дебитираш за сениорски тим(Фото)

Во изминативе пет дена Струга уживаше во најстариот ракометен турнир во Македонија. Осум екипи се натпреваруваат за трофејот покрај Охридското езеро. На ракометното игралиште публиката можеше да ужива во ракометната магија на големи екипи. 

Една од нив е францускиот претставник Феникс Тулуз кои го играат натпреварот за трето место на „Струга 2018“. Но она што остави белег овие четири дена, особено кај навивачите кои ги следеа настапите на францускиот тим е специфичната фризура на младиот ракометар на Тулуз, Роман Жирду.

Тој го имаше својот дебитантски настап за првата екипа токму во Струга, па според традицијата која ја негува клубот, тој мораше да се носи со несекојдневна ситуација, а со иста фризура ќе мора да се врати и во Франција каде ќе го одработи „гуштерскиот“ период во клубот.

Роман Жирду потекнува од школата на Шамбери има 18 години и настапува на позиција десно крило. Против  Е. Работник ги постигна првите два погодока за својот тим и тоа на турнирот во Струга. „Казната“ веќе ја видовте…