Штериова и Ливриниќ одлични во Романија

Двете македонски интернационалки во романскиот шампионат, Марија Штериова и Елена Ливриниќ, имаа одлични настапи за своите екипи во последното коло.

Штериова ја предводеше Баја Маре до гостинска победа над Крајова со 17-22 и постигна пет голови, додека Ливриниќ даде исто толку погодоци, во поразот на Рапид Букурешт од Бузау со 27-31.

Наташа Нолевска не беше во ростерот на Корона Брашов во победата над Слатина со 31-22.