Шпанците тврдат: Јанц се договори со Барселона!

Словенечкиот репрезентативец Блаж Јанц е договорен до трансфер во Барселона, иако за него беше заинтересирана и екипата на Кил. Договорот на Јанц со Келце исткува на крајот од наредната сезона и тој најверојатно ќе се пресели во Шпанија.

Десното крило беше желба на Барселона уште пред две години, но Словенецот одбра трансфер во Келце кај Талант Душебаев.

Шпанските медиуми тврдат дека сите услови се договорени и Јанц нема да го продолжи престојот во Полска, иако Бертус Сервар му понуди нов договор.

На позицијата десно крило 22-годишниот ракометар најверојатно ќе биде замената за Виктор Томас кој е во залезот на својата кариера. Во овој момент во Барселона настапува уште еден леворак ракометар од Словенија, Јуре Доленец.