Шишкарев за 24 Ракомет ТВ: Играме со посебни емоции за нашата публика (ВИДЕО)

Еден од играчите кој е со најдолг стаж во редовите на Вардар, Данил Шишкарев после обезбедувањето на новата победа во Лигата на шампионите имаше интересни коментари за она што се случи на теренот, но и за тоа како е да се игра во СЦ „Јане Сандански“,

„Секогаш е чекаме да играме дома во Јане Сандански. Атмосферата е одлична. Се трудиме да одиграме што е можно подобро за да добиеме таков дочек пред натпревар. Секогаш е пријатно да се игра пред ваква публика и тоа е емоција која не се заборава“

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.