Шест држави во борба за организација на ЕП за жени во 2024 година

Откако се зголеми бројката на земји – учесници на Европското првенство за жени во 2024 година, до ЕХФ стигнаа уште неколку барања за можна организација на шампионатот.

Максималниот број на апликации е шест, а официјално во трка се Русија, Унгарија, Австрија, Швајцарија како и две пријави за заедничка организација меѓу Чешка, Полска и Словачка или Австрија, Унгарија и Швајцарија (во случај да се избере заедничка организација на натпреварувањето).

За потсетување, Македонија ќе биде една од организаторите на Европското првенство кое ќе се одигра во 2022 година заедно со Црна Гора и Словенија.