Швеѓанките со проверени сили против Македонија

Репрезентацијата на Шведска ќе биде со проверени сили на дуелите против Македонија и Фарските острови во квалификациите за Европското првенство во 2018 година. Швеѓанките коишто играа против Македонија во баражот за Светското првенство и сега ќе имаат речиси идентичен состав.

Оттаму на 28 септември во Лунд, селекцијата на Шведска ќе биде голем фаворит против Македонија, а со оглед на тоа што на теренот ќе бидат искусните Гулден, Хагман, Јакобсен, Робертс… сосема извесно е дека Македонија ќе биде во (не)возможна мисија во првиот меч од новите квалификации.

Составот на Македонија се очекува деновиве, а покрај овој меч ќе биде одигра и дуел против Србија на 1 октомври во СРЦ „Кале“.

СОСТАВ НА ШВЕДСКА

ГОЛМАНИ

Филипа Иден (Брест, Франција)

Јохана Бундсен (Копенхаген, Данска)

Мартина Торн (Рандерс, Данска)

ЛЕВИ КРИЛА

Луи Санд (Брест, Франција)

Оливија Мелгард (Савехоф, Шведска)

ДЕСНИ КРИЛА

Ема Фернис (Савехоф, Шведска)

Даниела Густин (Рандерс, Данска)

ПИКЕРИ

Улрика Тофт Хансен (Есбјерг, Данска)

Лин Блом (Митјиланд, Шведска)

Ана Лагерквист (Никобинг Фалстер, Данска)

ЛЕВИ БЕКОВИ

Јасмина Робетс (Ерди, Унгарија)

Џени Алм (Копенхаген, Данска)

Јохана Вестберг (Никобинг Фалстер, Данска)

СРЕДНИ БЕКОВИ

Изабела Гулден (ЧСМ Букурешт, Романија)

Карин Штромберг (Виборг, Данска)

ДЕСНИ БЕКОВИ

Натали Хагман (ЧСМ Букурешт, Романија)

Сабина Јакобсен (ЧСМ Букурешт, Романија)

Хана Бломстранд (Копенхаген, Данска).