Швеѓаните повеќе сакаат да си одат дома, отколку да го играат натпреварот за 5.место

Македонија пред седум години на ЕП во Србија го освои 5.место, што воедно претставува најдобар пласман во историјата за “црвено-жолтите”.

Натпреварот против тогашниот ривал за петтото место- Словенија, беше доживеан  доста емотивно, а по неговото завршување славјето можеше да почне. И додека македонските ракометари на плоштадот беа пречекани како вистински шампиони, на шведските ракометари воопшто не им е до настап на натпреварот за 5. место.

Швеѓаните не успееа да изборат пласман во полуфиналето на СП во Данска и Германија, па во сабота од 20 часот и 30 минути против Хрватска треба да го одиграат натпреварот за 5. позиција. Според “викинзите” тоа е натпревар само за престиж, и доколку се прашуваат тие никогаш не би ни играле таков меч.

“Тешко е, имавме само два слободни дена и играме за 5.место. Тој натпревар е потполно бескорисен. Пред нас е напорен втор дел од клупската сезона, па би сакале да го прескокнеме тој натпревар. Попрвин би се вратиле дома. Но. долност ни е да го одработиме тој натпревар.-изјави шведскиот репрезентативец Матијас Закрисон.